„Како можеш да бидеш среќна по сѐ што помина? Можам и искрено сум!“

kako-be-mozhesh-da-bidesh-srekjna-po-s-shto-pomina-mozham-i-iskreno-sum-01.jpg

Не, мене не ми е потребен маж кој ќе ме исполни и ќе ме направи едно.

Може ќе звучи како клише, но среќата навистина е во нас самите.

Јас и единствено јас сум одговорна за тоа дали ќе бидам среќна.

Не, мене не ми е потребен маж кој ќе ме исполни и ќе ме направи едно цело. Потребен ми е за да сакам и да сум сакана, но не за да ме комплетира како личност и да има обврска и задолжение дека мојата среќа е негова одговорност.

Не, не ми е пресудно за среќа дали пријателите ќе ми обрнат внимание, дали семејството ќе ми пружи некаква поддршка, пресудна ми е мојата психа и самоконтролата на истата.

Пресудно ми е тоа што го сакам животот до лудило и го живеам според својата перцепција на тоа што значи среќен живот.

Ги правам работите што ги сакам, одам на местата што ми ја радуваат душата, го минувам времето со луѓе што ми прават убаво на срцето.

kako-be-mozhesh-da-bidesh-srekjna-po-s-shto-pomina-mozham-i-iskreno-sum-02.jpg

Не се задоволувам ако секој ден не направам најмалку една работа што ми претставува уживање и задоволство.

Живеам забрзано, не оставам животот да ми биде здодевна низа на еднолични денови.

Не, не сметам дека животот треба да биде стани, оди на работа, јади, легни си и истото одново и одново во пеколен круг.

Да, тоа е живот, но сето тоа може да биде проткаено со многу посилни бои.

Ние самите сме креатори на тоа како ќе ни изгледа мигот, денот, животот. Ние самите боиме во розово или црно. Ние самите диктираме дали ќе бидеме среќна или несреќна личност.

Да животот поставува препреки, да животот сопнува, да животот боли понекогаш, но колку ќе дозволиме тоа да допре до нас на крајот од денот повторно зависи од нас самите.

Сѐ што сакам правам веднаш, секој што го сакам му кажувам веднаш, секој што ме иритира го блокирам од секојдневието веднаш.

И сето убаво што сакам да ми се случи дејствувам да ми се случи денес, не оставам за утре. Утре не ми е гарантирано.

И секогаш се водам од она подобро 50 години исполнет живот, отколку 100 години животна монотонија.

Некои мигови во животот навистина се бројат двојно. Само треба да имате одлучност да си ги приредите. Апсолутно сѐ зависи од вас.

И доста со оние оправдувања, сопруг, пари, обврски, сметки, немање време... За сѐ има решение, само ако сакате да го пронајдете.

А среќата сама нема да ви чукне на врата. Излезете од комфор зоната и од сивилото на едноличниот живот.

Реално, утре никому не му е гарантирано.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
„Кога ме игнорираш, не ме казнуваш - само ме учиш полесно да живеам без тебе“ „Тоа што ме игнорираш, не значи дека е крај на мојот свет - тоа е почеток на нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg