Поучна приказна: Бил богат и живеел луксузен живот, но на смртна постела побарал едно нешто...
Оваа поучна приказна ќе ве натера да размислите за животот и начинот на кој го трошите вашето време – дали се парите најважни од сѐ и дали може да ви ја исполнат секоја желба?
Богат човек бил на смртна постела и дошол да го посети ангелот на смртта. Овој човек работел многу напорно и многу долго за да го стекне сето тоа богатство и да може да живее во луксуз, па кога се нашол на смртна постела, не му се верувало дека му дошол крајот.
Со оглед на тоа што бил богат и цел живот научен да добива што сака, одлучил да си купи уште малку време од ангелот на смртта.
По долго преговарање, ангелот не сакал да попушти, бидејќи не сакал ништо за возврат. Очајниот богаташ му дал уште еден предлог на ангелот како желба пред смрт:
„Дај ми само уште еден час од животот, за да ѝ се воодушевувам на убавината на земјава последен пат и да поминам време со семејството, кое не сум го видел долго, а потоа ќе ти го дадам цело мое богатство“.
Ангелот повторно одбил. Потоа, човекот побарал уште една желба, да добие само една минута за да напише проштално писмо. Оваа желба му била исполнета и напишал порака:
„Времето кое ви е дадено поминете го на вистински начин. Јас не можев да си купам ни еден час време со своето богатство. Слушајте го своето срце и уверете се дека работите кои ве опкружуваат имаат вистинска вредност – негувајте ја секоја минута од вашето време.
Деновите минуваат, а повеќето од нас се во трка по пари и материјални работи, па во таа трка забораваме да уживаме во работите кои го прават животот поубав. Забораваме дека суштината на животот ја прави семејството и малите радости, уживање во убавото време и природата. Кафето со пријателите и смеењето. Тоа е она што е важно.
Со парите на крај никој не може да си купи вистнска среќа ниту здравје. Додека чекориме по оваа планета, да се потрудиме секој ден да го искористиме максимално, уживајќи во работите кои вистински вредат.“
М. М. | Црнобело