Твојот живот не е ништо друго освен огледало на твоите мисли

tvojot-zhivot-ne-e-nishto-drugo-osven-ogledalo-na-tvoite-misli-01.jpg

Живот. Зошто сме толку убедени дека животот е само серија од случајни настани?

Што е тоа во нас што прави да ни е полесно само да прифатиме дека во животот сѐ е случајно, а нѐ сопира да сфатиме дека нашиот живот е рефлексија на замислата која ние ја имаме за него?

Првата работа која е виновна за ова е стравот. Стравот од одговорност. Страв да се биде одговорен за работите. Страв да се биде слободен.

Не е ништо друго освен стравот.

Вистината е дека сме изгубени во идејата дека животот е збир на случајности и дека ја немаме моќта да ги измениме работите кои ни се случуваат на дневна база.

Но, запомнете вашиот живот е ваша креација, ваше уметничко дело.

 Само помислете на тоа... Секоја личност што доаѓа во вашиот живот, секое искуство, секоја работа која ви станува реалност е дел од вашиот живот затоа што вие сте го привлекле. Вашата моментална состојба на умот, вашиот тек на мислите, вашите потреби и желби за тие искуства, луѓе и работи во животот се одговорни зошто тие се во вашиот живот.

Колку и да мразите да се согласите, вашата реалност, колку и да ја презирате и посакувате да ја измените, е огледало во кое се рефлектира вашиот внатрешен свет.

Во пријателите, а особено во вашите љубовни партнери јасно ќе видите каков е вашиот внатрешен свет. Карактеристиките кои ги поседуваат тие очигледно ви се привлечни, ги носите и вие во себе и природно како магнет делуваат врз вас.

Но, исто така и кога интензивно мразите нешто тоа, за жал, станува дел длабоко од вас. Тоа има големо значење за вас, но вие сте исплашени да се фокусирате на него и да работите.  Затоа што фокусирањето на него знаете дека ќе ве соочи со најстрашните и најмрачни делови од себе, кои вушност ги мразите.

Никој од нас не сака да признае дека има мани и дека на моменти сите сме и несигурни и лоши и мрзеливи и глупави.

Но, на крајот прифаќањето на тие страшни делови од нас ќе ни помогнат да напредуваме и да пронајдеме среќа.

Мора да разберете дека животот не е ништо друго освен она кое вие самите ќе го направите. Па, така ако не ви се допаѓа вашиот живот време е да радикални промени, почнувајќи од себе.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg