Кога некој ќе те повреди толку многу што мора да се промениш за да се спасиш
Сигурна сум дека сите можеме да се сетиме на личност што нѐ повредила толку многу што болката била неподнослива и повеќе не сме истата личност од претходно.
Тоа нѐ изменило толку многу што повеќе не можеме да се препознаеме себеси.
Но, без разлика колку голема болка сте почувствувале, на крајот секогаш ќе излезете како победник, затоа што тоа ви дало неверојатна сила. Плус, ќе научите нови лекции иако патот кој сте го изоделе ви бил еден од најболните во животот.
На крајот вие ќе бидете благодарни затоа што...
Ќе научите како изгледа да бидете предадени од некој што го сакате. Ќе сфатите дека луѓето не се секогаш добри како што мислите дека се.
Ќе ви стане јасно дека некои луѓе само како да постојат за да им наштетат на другите. На потешкиот начин ќе научите како да ги препознавате овие луѓе и како да се држите на страна од нив.
Ќе научите дека во љубовта е потребна сила и напор од двете страни. Не можете да натерате некој да ве сака и да се грижи за вас на начинот на кој вие се грижите за него. Ќе сфатите дека се потребни двајца луѓе за една врска да функционира и ќе престанете да бидете единствената што ја прави целата работа.
Ќе научите да ги почитувате своите граници. Кога ќе бидете повредени до точка болката да е неподнослива, ќе научите како да поставувате цврсти граници кои ќе ги почитувате за да се заштитите себеси од тоа да бидете повредени повторно.
И кога станува збор за вашата среќа повеќе нема да правите компромиси никогаш со никого.
Ќе сфатите што сакате во животот и каква љубов си посакувате. На тој начин ќе го обликувате животот на начинот на кој сакате да го живеете и ќе ја пронајдете љубовта што ја заслужувате.
Ќе научите да го прекинувате контактот со секој кој не е добар за вас и за вашиот здрав разум. Повеќе нема да толерирате непочит кон вас.