Тој еден маж толку многу ќе те сака што ќе се прашуваш како заслужи таква љубов
Ќе дојде еден таков, каков што чекаше цел живот.
Ќе те прегрнува толку силно чиниш коските ти пукаат.
Ќе внимава навечер да не си откриена.
Ќе те кара кога сама себе си штетиш.
Ќе се бори за твојата среќа од петни жили.
Ќе верува дека си најубавата и најпаметната жена на светов.
Ќе биде среќен кога ти се смееш.
Ќе биде нахранет кога ти си сита.
Ќе прави бесмислени работи само за тебе да ти е убаво.
Ќе ги слуша твоите желби без разлика што мисли светот.
Ќе те охрабрува дека соништата се исполнуваат.
Ќе те знае толку добро што преку погледот ќе знае колку си тажна.
Ќе те натера да се запрашуваш со што си заслужила ваква среќа.
Ќе те натера да се запрашуваш дали си вредна за олку голема љубов.
Ќе те натера да веруваш дека си толку посебна затоа што тој по тебе глава изгубил.
Ќе те натера да благодариш на Бога што имаше среќа вистинска љубов да пронајдеш.
Ќе те натера тивко да си потшепнуваш „среќна сум што го имам“.
Ќе те натера на другите да им посакуваш љубов како вашата да најдат.
Ќе те натера... Да го сакаш како што никогаш не си сакала никој.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело