Еј, драга, облечи шорцеви и самодоверба - целулитот никој нема да го забележи!
Еј, драга. Облечи ги кратките шорцеви. Да, знам, знам. Ти се гледа целулитот. Но, на кој му е гајле?
Облечи ги шорцевите!
Еј, драга моја. Облечи си кратка маичка.
Да, видливо ти е стомачето и стомачните мускули кои не се совршени.
Но, на кого му е гајле, навистина?
Облечи си ја маичката што си ја замислила.
Еј, драга. Облечи си што сакаш, навистина.
Да, знам.
Ти си ги гледаш сите несовршености во огледалото. Лузните. Облините.
Си ја гледаш остарената верзија од себе и новата брчка на челото.
Но, драга моја, јас го гледам убавото во тебе.
Јас гледам жена што заслужува да се чувствува убаво што и да облече на себе.
Самодовербата изгледа одлично на тебе драга.
Гордо носи ја!
И кога ќе се појавиш, самоуверена, јас ќе бидам девојката која ќе те бодри и која ќе ти каже дека изгледаш прекрасно, секогаш!
А, ти, ти носи ја секогаш со себе, прекрасно и несовршено.
Е. П. | Црнобело