Не правевме забави по викендички, не симнувавме маски под носот – од каде толку новозаболени случаи?
Ги почитувавме правилата.
Не се собиравме по станови.
Не правевме никакви забави.
Не одевме по викендички.
Не прескокнуваме огради за да играме карти навечер до доцна со соседите.
Не славевме родендени.
Не излегувавме никаде во полицискиот час.
Не се буткавме во редици.
Не излегувавме никаде без маски.
Не ги стававме на брадата, веднаш под устата, откривајќи го носот.
Не им дишевме на другите луѓе во вратот.
Не одевме во цркви.
Не одевме во џамии.
Не теравме никакви религиозни обичаи и обреди во поголеми групи, ги поминавме празниците дома, во кругот на семејството.
Не го доведовме здравјето во опасност на некој од саканите, вклучувајќи го и сопственото.
Тогаш, од каде толку заразени луѓе?
Или... сепак, само мал дел се пронајдовме во горенаведеното?
(О)Милена | Црнобело