Ја сакам сопругата онака како што сакам ќерка ми да биде сакана

Татковците и ќерките имаат посебна врска и никој друг не може да ја замени улогата на татко. Уште од самиот почеток, тој дава пример за тоа како другите мажи треба да ја третираат неговата ќерка во иднина.

Ja-sakam-soprugata-onaka-kako-sto-sakam-nekoj-da-ja-saka-kjerka-mi-01.jpg

Но, дури и тоа не е доволно. Децата забележуваат како нивните родители се однесуваат едни кон други и ова ги обликува очекувањата на ќерката за нејзиниот иден сопруг.

Мажот мора да изразува љубов и почит кон својата сопруга и секогаш да запомни дека мора да ја цени онолку колку што сака неговата ќерка да биде сакана и ценета подоцна во животот.

Таткото мора да запомни дека тој е примерот за својата ќерка.

Секоја девојка во своето срце чувствува дека е малата принцеза на тато, па затоа родителот не треба да се плаши да покаже колку му значи неговата ќерка.

На малите девојчиња им треба многу љубов да ја спознаат нивната вредност, да можат да градат самодоверба и да сфатат дека треба да бидат сакани.

Како што растат, лесно е да се почувствуваат несигурно и да се посомневаат во сопствената вредност. Но, татковата љубов ќе ги сруши сите пречки и ќе им даде сила да одат напред. Ниту еден друг маж не може да ја замени улогата на татко и тој мора да го искористи максимумот од оваа врска додека ја расте својата ќерка.

Без разлика колку и да е стара, ќерката секогаш ќе има потреба од нејзиниот татко. Таа треба да знае дека секогаш ќе има рамо на коешто ќе може да се потпре, без разлика што и да се случува во нејзиниот живот.

Таа ќе направи грешки во животот и ќе сфати дека нејзиниот татко не може да ја заштити од сите лоши работи што ѝ се случуваат. Но, таа ќе треба силно да застане на нозете кога ќе падне и да покаже дека ништо и никој не може да ја скрши. Токму онака како што ја научил тато.

Парите не можат да купат љубов и да ја развијат врска помеѓу таткото и ќерката, што значи дека татковците не мора да трошат богатство за да ги направат своите мали девојчиња да се чувствуваат важно, ценето и сакано.

Ќерките треба да ја научат најголема лекција во животот – само малите работи, оние што парите не можат да ги купат, се оние што навистина се важни.

Татковците треба да бидат внимателни што прават пред своите ќерки и да им помогнат да го изберат вистинскиот пат и партнерот. Па татковци, сакајте ги сопругите на истиот начин како што сакате некој да ја сака вашата ќерка во иднина.

Извор

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg