20 сурови вистини што тешко ќе ги прифатат оние кои имаат меко срце

Не може да се научи ништо во животот без да се доживее неуспех. Не може да се смените без да почувствувате болка. И покрај нашите очекувања животот често пати умее да биде суров и неправеден.

20-surovi-vistini-za-zivotot-01.png

Прочитајте ги следните 20 горчливи вистини кои најтешко ќе ги прифатат оние коишто имаат меко и добро срце:

1. Љубовта која ја чувствувате кон некого не секогаш е синоним за компатибилност.

2. Без оглед на тоа колку и да се трудите да бидете добра личност, никогаш нема да сте сигурни дека нема да бидете лоши кон некого.

3. Можете да направите сè онака како што треба, да дадете сè од себе и повторно да не успеете.

4. Понекогаш нè повредуваат луѓето за коишто сме мислеле дека ќе ни помогнат.

5. Семејството не е нужно сродство. Во некои случаи, и покрај сите наши напори, се докажува дека блиските роднините се најлошите и најмалку разумните луѓе.

6. Единствената личност на која може 100% да се потпрете сте вие самите.

7. Една работа е да се дружите со луѓето кои ви изгледаат пријателски расположени. А сосема друга е да имате вистински пријатели кои ќе бидат тука за вас до крајот на животот.

8. Без оглед на тоа колку и да сте добри, секогаш ќе постојат луѓе кои ќе ве мразат токму поради таа причина.

9. Не можете да ги натерате луѓето да ве сакаат. Оние коишто ги делат вашите вредности и ставови ќе ве почитуваат поради она што сте.

10. Без разлика колку многу ја сакате некоја личност, без разлика колку и да сте се жртвувате за неа, тоа не е гаранција дека таа ќе ви ја возврати љубовта.

11. Не можете да ги направите сите луѓе среќни.

12. Без разлика колку и да се трудите, нема да го добиете секогаш она што го посакувате.

13. Не можете да направите лимонада од сите лимони што ви ги сервира животот. Некои лимони се едноставно скапани.

14. Не можете да ги избришете своите грешки.

15. Единствените работи коишто се сигурно во животот се болката и смртта. Среќата и љубовта треба да се заслужат со посветеност и сочувство.

16. Во нечија туѓа приказна може да бидете негативецот.

17. Можете да направите сè според правилата, но понекогаш резултатот ќе испадне токму спротивниот.

18. Вашите интереси не им се битни на сите луѓе околу вас.

19. Среќата не може да се случи без тага.

20. Многу мал е бројот на луѓето кои искрено ги интересира дали работите во коишто веруваат се вистинити или лажни.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg