„Не се жалете од здравјето, владата, соседите, не станувајте мрачната старица од клупата пред влезот“

Решив да го напишам ова писмо до моето идно јас. Сакам да бидам сигурна дека еден ден ќе успеам да ги прочитам сите овие нешта, дури и доколку ме нападне склероза или сенилна деменција.

Ne-se-zalete-od-zdravjeto-vladata-01.jpg

 Во тие ситуации ваквото писмо има мала веројатност да помогне. Но, може да нè заштити од повторување на одредени грешки.

Знаете, во моето детство и тинејџерските денови, слушајќи ги бескрајните морални лекции на возрасните, сведочејќи на кавгите на моите родители, онака како што се однесуваат глупавите стари луѓе, си помислив: „Кога ќе пораснам, никогаш нема да им го направам тоа на моите деца!Нема да изгледам толку смешно! Јас нема да ги повторам овие грешки за ништо на светот!“

И тогаш, години подоцна, бев ужаснатa што го правам токму тоа: викав кон децата, зборував безначајности, акумулирав стрес, упорно барав внимание и благодарност…

Затоа ги подготвив овие белешки за себе, врз основа на моето досегашно искуство. Се надевам дека за 2-3 децении, доколку сè уште сум живa и доколку дотогаш нашиот луд свет не се уништи, тие ќе ми излезат некако пред очите и ќе ми помогнат да избегнам многу глупави постапки и смешни ситуации.

Се надевам дека нешто од ова ќе биде корисно и за вас. Значи, драги мои, додека стареете…

1. Никогаш не подучувајте никого. Дури и доколку сте сигурни дека сте во право. Запомнете како тоа ве вознемирувало во вашето време. И дали ги следевте советите на постарите…

2. Не помагајте доколку не ви побараат помош. Никогаш не се нервирајте. Не обидувајте се да ги заштитите вашите најблиски од сите опасности на светот. Само сакајте ги.

3. Не се жалете! Од своето здравје, од соседите, од владата, од пензискиот фонд! Немојте да станете како мрачната старица која седи на клупата пред влезот.

4. Не очекувајте благодарност од децата. Запомнете: нема неблагодарни деца – има само глупави родители кои чекаат благодарност од своите деца.

5. Не користете фрази како: „Јас на твоја возраст…“, „Ти ги дадов најдобрите години…“,Јас сум постар, затоа знам подобро од тебе…“  Ова е неподносливо, никој не сака да го слуша.

6. Ако имате внуци, не инсистирајте на тоа ве викаат по име наместо „баба“. Глупаво е.

7. Не трошете ги последните пари за процедури за подмладување. Ова е бесмислено. Подобро да ги потрошите на патувања.

8. Не се облекувајте во полутемна просторија. Немојте да се криете од огледалото. Обидете се да изгледате елегантно. Тој изгледа елегантно, а не младешки. Верувајте ми, така е подобро е.

9. Грижете се за вашиот сопруг, дури и ако тој е збрчкан, беспомошен, глупав старец. Запомнете дека некогаш бил млад, силен и весел. И веројатно тој е единствениот којшто ви е потребен сега …

10. Не обидувајте се да се тркате со времето по секоја цена: да останете во чекор со новите технологии, да ги следите опсесивно вестите, постојано да учите нешто ново за да не „заостанете“ во животот. Смешно е. Правете го она што ви се допаѓа. Онолку колку што можете.

11. Не обвинувајте се за ништо. Без оглед на тоа како помина вашиот живот или оној на вашите деца, направивте сè што можевте.

12. Зачувајте го достоинството во сите ситуации! Докрај! Дајте се од себе, драги, ова е многу важно! И запомнете дека ако сè уште сте живи, тогаш некому сте му потребни.

Извор

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg