Вистината е дека ги надраснуваме тие што не знаат како да нѐ сакаат
Вистината е дека ги надраснуваме тие што не нѐ ценат. Тие на кои нашето отсуство им е во ред. Тие кои дозволуваат дистанцата помеѓу нас и нив да расте.
Ги надраснуваме тие кои прават да се чувствуваме дека сме заменливи.
Ги надраснуваме тие кои се тука за нас само со зборови, но не и со дела. Тие кои ни кажуваат работи кои не ги мислат. Тие кои сакаат само одредена страна од нас, но не ни ги прифаќаат другите.
Тие кои не се грижат за нашите желби и потреби, затоа што се презафатени со фокусирањето на своите.
Ги надраснуваме тие кои прават да се чувствуваме дека не сме вредни за нивното време и напор. Тие на кои сме им последни на листата со приоритети. Тие кои прават два чекори назад, секој пат кога ние правиме еден напред.
Вистината е дека доаѓаме до точка во животот кога знаеме што сакаме, што заслужуваме и сме подготвени да излеземе од кругот на жртва. Надвладува љубовта кон себе и се избираме себеси, дури и кога другите не нѐ избираат нас.
Ги надраснуваме оние кои не прават да знаеме дека им е мило што нѐ пронашле во животот.
Ги надраснуваме оние кои не нѐ ценат на начинот на кој сакаме да бидеме ценети.
Вистината е дека сме способни да ѝ го дадеме светот на личноста што ја сакаме, но ни треба потврда дека таа нема да го злоупотреби тоа, дека нашето срце е безбедно со неа и дека таа нема да се претвори во уште една грешка во нашиот живот.
Ги надраснуваме тие кои не нѐ сакаат затоа што ни беше потребно години и години за да научиме да се сакаме себеси и не сме подготвени да го уништиме тоа прашувајќи се дали сме вредни за нечија љубов.
Ги надраснуваме луѓето кои не нѐ гледаат на начинот на кој сакаме да бидеме видени.