Ти го подарив моето време, солзи, ноќи, денови - ти благодарам што сум ти мајка

Ти го подарив моето време. Моето тело. Мојот сон. Моите солзи, моите ноќи и денови.

ti-go-podariv-moeto-vreme-solzi-noki-denovi-ti-blagodaram-sto-sum-ti-majka-01.jpgФото: spiritysol

Имаше моменти кога се чувствував дека ти дадов сѐ што имам. Целата „јас“.

Моменти кога се прашував дали има сѐ уште нешто останато од мене за да ти го дадам на тебе.

Во сите тие моменти се потсетував колку навистина јас добив покрај тебе.

Ти ми отвори нова перспектива, подобар начин на кој денес го гледам светот.

Ми покажа колку секој момент е скапоцен и не треба да го земам здраво за готово.

Ми даде ново тело, тело кое е посилно и кое може да направи сѐ!

Ми даде ново име, „Мама“, име кое има толку големо значење и кое вреди најмногу на светот.

Направи нова верзија од мене. Нова „јас“ која знае да сочувствува, да се грижи и надева на подобро утре секој ден.

Дури и кога целото мое тело, време, денови, ноќи, сон беа посветени на тебе, знам дека тоа вредеше и дека тоа се тие мали моменти кои вредат во животот.

Дека мајчинството е исполнето со постојано давање и добивање.

Дека иако е една од најтешките работи кои сум ги направила, во исто време е и една од најдобрите работи во мојот живот. За ова ќе бидам секогаш благодарна.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg