Не плачете за матурата дечки, животот е суров и полн препреки, за ова не вреди да се пушти ни солза

Пред некој ден наидов на статија со интервјуа на 18-годишни матуранти кои ги искажуваат своите ставови во врска со незавршената учебна година, последната во средното образование и секако, мислењата во врска со матурската прослава.

ne-plachete-za-maturata-decki-zivotot-e-surov-i-poln-prepreki-za-ova-na-vredi-da-se-pushti-ni-solza-001.jpgфото: depositphotos.com

Генерално сите изразија жалење што не успеале да ја завршат четвртата, последна година од средното со своите другари од класот, што е секако основано.

Не е едноставно убаво да се разделиш со другарот од клупа, со тие што ти се драги од класот, па дури и со дел од професорите, без никаков поздрав.

Сепак, добрата страна е што секогаш може да ја остварите оваа средба подоцна. Година дена по матурирањето или на јубилејните прослави. А со многумина од класот веројатно постојано сте и во контакт, се гледате или се слушате.

Последната интервјуирана девојка изјави дека и покрај ситуацијата сепак ѝ олеснило што нема да има матурска прослава. Зошто? Бидејќи нема да се соочи со целиот притисок во потрага по совршениот фустан, илјада и една проба за истиот, па каде ли да се закаже за шминка и фризура, па за маникир и педикир, па чевлите, па чантата, една безумна трка со времето во која се истураат пари и пари.

Искрено, и на многу од родителите им олесни, иако нема можеби отворено да ви го признаат ова. Едноставно, колку и да се радуваш за своето дете и неговиот успех, не си подготвен да истуриш безумна сума на денари за најобична матура.

Бидејќи да не се лажеме, не е некој невиден успех. Си го завршил задолжителното, повторувам – задолжителното средно образование во државава.

Да, ова е лошо време. И сите нè дочека неподготвено. Во паника сме, во страв што ќе ни донесе иднината и како ќе го преживееме овој месец, следниот по него … или пак што ќе нè снајде до крајот на годината. И сега можеби ова ви изгледа како најголема казна – нема матурска прослава.

Но верувајте, не е трагедија и не е крајот на светот. Животот е комплициран, грд и суров и ќе се соочите со толку многу препреки. Недостатокот на официјално крунисување на 4-годишното средно низ една помпезна прослава која потсетува на свадба без невеста не треба да ви биде причина за нервоза или фрустрација. Продолжете да си кроите планови за иднината и радувајте му се на животот.

И верувам, дека кога ќе заврши сето ова лудило, ќе си направите многу подобра, неформална забава со сите оние што ги сакате за да го прославите крајот на средното образование и почетокот на новата фаза од животот. Нешто што нема да потсетува на таа парада на кичот, со пластична атмосфера, лоша музика и ладни пирошки.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg