Нарцисоидните луѓе никогаш нема да ја прифатат вината, секогаш ќе ве обвинуваат вас

narcisoidnite-lugje-nikogash-nema-da-ja-prifatat-vinata-sekogash-kje-ve-obvinuvaat-vas-01.jpg

Нарцисоидните луѓе се најлоши за дискусија. Тие никогаш нема да се потрудат да ги направат работите правилно, туку секогаш ќе ве обвинат вас.

Глумат жртви и невини во секој аспект и вината секогаш им ја префрлаат на другите.

Наместо да преземат одговорност за своите грешки, тие ќе ве провоцираат сѐ додека не изгубите контрола над себе затоа што од мува прават слон.

Најлошата работа во врска со нив е што може да бидат неверојатно шармантни. Дури и кога ќе ве изневерат и скршат, тие може со помош на својот шарм да ве освојат одново и повторно да го искористат фактот што сте добра личност по природа.

Тие ќе ве подигнат само за да ве удрат од земја уште посилно. Ќе сфатите дека да се биде во нивна близина е навистина истоштувачко.

Тие се експерти да ве вовлечат во кавга, а колку повеќе се расправате со нив, толку повеќе можности им давате за да манипулираат со вас и да ве контролираат повторно.

Кога маската на нарцисоидната личност ќе почне да бледее ќе сфатите дека мора итно да им го забраните пристапот во вашето секојдневие. Ќе ја извртуваат вистината во секоја можна пригода и постојано ќе ви предизикуваат болка, притоа никогаш вистински извинувајќи се за тоа. А тоа сигурно не го сакате во вашиот живот.

Ќе ве манипулираат и ќе си играат со вашиот ум на секој можен начин. Нема да се каат за тоа и секогаш ќе изигруваат жртви.

Колку повеќе контрола ќе им дадете, толку понесреќни ќе бидете. На моменти ќе се сомневате во вашиот здрав разум и ќе чувствувате вина, иако имате доказ дека тие се виновни.

Заслужувате повеќе во животот и колку побрзо се ослободите од нив, толку подобро.

Само вие го контролирате својот живот и мора да сторите сѐ што е во ваша моќ за да се чувствувате добро.

Не прифаќајте ја вината на другите и ослободете се од синџирите на нарцисоидните личности. Способни сте за тоа, иако во моментов можеби не верувате дека имате доволно сила да пресечете.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg