Само несреќните и огорчени луѓе се злобни кон другите
Само несреќните луѓе ќе се обидат да ве згазат и да ја уништат вашата самодоверба, затоа што тие самите немаат самодоверба.
Таквите луѓе кои не можат да пронајдат радост во ништо, ќе направат сѐ за да им ја уништат среќата на другите затоа што им е тешко да се опкружени со задоволни и позитивни луѓе.
Кога гледаат дека некој има убав живот тие се чувствуваат инфериорно и дури се згрозени од неговиот успех.
Често се љубоморни и полни со омраза кон секој кој има подобар живот од нив. Не можат да ги контролираат емоциите и затоа почнуваат со навреди, агресивни се и полни со омраза за да ја уништат среќата на другиот и со тоа тие самите да се чувствуваат подобро.
Само несреќните луѓе сакаат другите да бидат мизерни како и тие. Тоа се тажни луѓе со длабоки рани и болка и чувствуваат дека никој не ги разбира.
Не можат да го видат доброто во ништо. Ако им кажете за некоја своја цел, тие веднаш ќе ја проценат идејата како глупава и бргу ќе смислат десетици причини зошто треба да се откажете од таа цел.
Чувствуваат дека цел свет е против нив и како да сакаат да се одмаздат за тоа. Истрауматизирани се и незадоволни од животот.
Нивната злоба им е начин да се заштитат затоа што најверојатно некогаш во минатото биле многу сериозно повредени.
Па, кога се лути и злобни не сфаќајте си го тоа лично, станува збор за нив, а не за вас. Тие имаат нешто во животот што ги прави несреќни.
Обидете се да ги разберете и запомнете не е ваша вина.