Зошто е убаво да се живее во мало гратче во Македонија?

Валандово, Пехчево, Демир Хисар, Македонски Брод се само дел од малите прекрасни гратчиња во Македонија...

zoshto-e-ubavo-da-se-zhivee-vo-malo-gratche-vo-makedonija-01.jpg

Кога зборуваме за малите градови во Македонија најчесто ги ставаме во контекст од типот дека нема доволно работни места, нема настани и случувања, нема трговски центри...

Но, што има таму, а во Скопје нема?

Постои цела низа на предности.

Зошто да се живее во мал град во Македонија е магично?

Тие го имаат мирот... Тишината. Песната на птиците. Нешто што во Скопје за првпат се слушна за време на карантинот.

Природата, сето тоа зеленило, цвеќе, па и дрвја овошки по дворовите.

Чистиот воздух.

Малку сообраќај, дури и немање потреба од автомобил. Сѐ ви е достапно пешки.

Збогум на турканиците и непријатниот мирис во јавниот превоз.

Смирено темпо. Не сте под константен притисок и во трка со времето.

Повеќе време минато со семејството, наместо заглавени во сообраќај по час, два на ден одејќи и враќајки се од работа.

Близина до планини, полиња, ливади, реки и недопрена природа.

Чувство на безбедност до степен на незаклучување на вратите навечер, сите се познаваат.

Потопли луѓе, кои ќе се насмевнат и поздрават, наместо да минат покрај вас со замислен и отсутен поглед.

Поедноставен живот, понекогаш немањето преголем избор за одредени работи всушност е олеснување.

Свежи земјоделски производи, тазе живинарски продукти, квалитетна и свежа храна ви е на дофат на рака, нема потреба од замрзнати увозни продукти.

И мирот за душата...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / Фото: Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Македонија луксуз ни стана да отидеме во театар, на фризер и на ручек во кафеана Дојдовме во ситуација кога се молиме да не ни се најават гости, затоа што еден у...
И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
Живеам во Стојаково: Зошто избирам да живеам во село, наместо во град? Тука се живее послободно, трчаме на сопствена земја, се движиме послободно и без...
Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“ „На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов о...
Легендата за Саат-кулата и уште 9 забавни факти за Битола Дали знаете од каде овој град го добил своето име или ја ли имате слушнато интер...
„Леле, види ја ама се теткосала“ - Во Македонија човек како да не смее да остари, секој има коментар... Зошто судите? Дел од жените верувајте живееле потешко од вас, дел од нив се сооч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg