Летечки мечиња, Кукури и Кокода, Ле Пјаф – омилените цртани филмови на родените во 80-тите
Честопати знам да кажам – е, во наше време цртаните филмови беа супер. Се знаеше – цртан филм во 19.30 и после во кревет.
Имаше некоја посебна убавина во собирање на семејството пред телевизорот и очекување на цртан филм во точно време. Да, со YouTube денес е полесно, но некако ми недостасува тој момент на дружба од половина час кога со душа чекаш одреден ден и час за да погледнеш нова епизода.
Со сигурност се сеќавате на пилето Ле Пјаф што свиреше неуморно на клавир, на цртаниот филм и албумите со сликички од Летечките Мечиња, на снешкото Були, сказните на Мразулко...
Да ве прошетаме на кратко низ времето и да се навратиме заедно на детството:
Вили Ква
Кенгурчето Опа Опа
Диносаурусот Денвер
https://youtu.be/xe9VXwuD89w
Кукури и Кокода
Були
https://youtu.be/O-y4zdvStXM
Летечките мечиња
https://youtu.be/RkCGlKk50Ms
Ле Пјаф
Мразулко
И секако, Мечето Ушко
https://youtu.be/IuRMc52DoBk
Е. П. | Црнобело