„Заедно сме посилни - Ајде да планираме како ќе ги гушнеме сите оние кои ги обожаваме после сето ова...“
Ајде заедно да заборавиме на ова сега, за момент, два, три.
Ајде да зборуваме за нас, какви сме, бестрашни, подготвени на сè, лукави откачени сонувачи.
Ајде да се држиме малку заедно, како што некогаш постојано го правевме тоа,
од навика да си ја пуштиме фантазијата, малку да ја замислуваме иднината, летото, плажата, морето, ноќите кои ќе ги поминеме со саканите луѓе.
Ајде да се радуваме, да се смееме за прошетките низ градот кои ни претстојат понатаму.
Кога ќе помине лошото.
Сè затоа што бевме грижливи и благодарни.
Ние не се трудевме. Такви сме отсекогаш.
Ајде да планираме како ќе ги гушнеме сите оние кои ги обожаваме кога сè ова ќе биде зад нас.
Дека некого ќе го фатиме за рака одлучно, а не недоверливо.
Ајде да си кажеме дека ќе бидеме малку похрабри, малку со зборовите, малку со животот бидејќи сè ова нè тера на размислување, премерување, слушање на себеси повеќе отколку кога било.
Ајде малку повеќе да ги цениме работите кои ги забораваме кога се брзаме поради некои други грижи.
Ајде заедно, за момент, два, три да ги слушнеме птиците, гитарата од соседниот стан, тивкиот глас кој пее со неа, да го почувствуваме мирисот на кафето, на земјата после дождот.
Ајде заедно да се насочиме кон она што сите го сакаме, сите во истиот глас, сите со истата мисла.
Затоа што го знаете она што ни го зборуваа уште од малечки.
„Заедно сме посилни“
И не е некое клише.