Кога сакаш сам на себе да си кажеш „браво“ - тогаш си успеал во животот
Доаѓа тежок животен предизвик, ти си ментално силна, се справуваш одлично – браво.
Работиш работа што ја обожаваш со страст како ретко кого – браво.
Пронајде партнер што те сака така како што отсекогаш си посакуваше да бидеш сакана – браво.
Пронајде партнер што го сакаш така како што не си ни била свесна дека знаеш да сакаш – браво.
Оддаде почит некому за доброзавршената работа – браво.
Даде комплимент од срце, во време кога сите сеат критики – браво.
Искрено се радуваш на успесите на пријателките – браво.
Се молиш да им се остварат соништата на пријателите – браво.
Успеа да премолчиш во одредена ситуација само затоа што созреа доволно – браво.
Успеа да простиш кога со збор те повредија – браво.
Научи дека навистина малите работи биле среќа – браво.
Не живееш како другите сакаат, туку како ти чувствуваш – браво.
Одиш на место на кое знаеш дека ќе ти биде нанесена болка, но не чувствуваш страв – браво.
Имаш самоконтрола врз мислите и успеваш да си среќна, дури и кога сѐ е црно – браво.
Даваш 150% од себе за работите и луѓето што ги сакаш во животот – браво.
Секогаш веруваш дека денес е подобро од вчера, а утре ќе биде подобро од денес, но денешниот ден е најважен – браво.
Чувствуваш моќ во себе затоа што успеа да се издигнеш над некои трагедии – браво.
Чувствуваш дека си личност која за многу работи може да им биде лекција на другите – браво.
Знаеш да застанеш за миг и да си кажеш браво – браво и за тоа!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело