Гоблени, јамболии - Работи што ги имаше во секоја југословенска куќа

Шарени теписи

И теписите беа задолжителни во секој дом и за нив важеше правилото колку пошарени - толку подобри.

Целиот под од домот беше покриен со тепих со разни геометриски шари, а дефинитивно најпопуларна беше црвената боја.

raboti-shto-gi-imashe-vo-sekoj-jugoslovenski-dom-10.jpg

raboti-shto-gi-imashe-vo-sekoj-jugoslovenski-dom-11.jpg

Кристални вазни

Сите домови имаа барем по една кристална или стаклена вазна. А, ако пребарате дома, сигурно ќе најдете некоја што останала од порано.

Оние, пак, кои скршиле ваква вазна во домот, сигурно не поминале неказнето.

raboti-shto-gi-imashe-vo-sekoj-jugoslovenski-dom-12.jpg

Гоблени

Порано луѓето немале интернет, па везењето била популарна разонода. А, кога ќе поминете денови везејќи гоблен, нормално е да сакате да го закачите на ѕидот.

Па така, речиси и да не постоеше дом без најмалку еден гоблен врамен во кич рамка.

raboti-shto-gi-imashe-vo-sekoj-jugoslovenski-dom-13.jpg

Јамболија

Веројатно и денес ништо не може да ги замени топлите јамболии во текот на зимата.

И јамболиите беа нешто што се подарува на свадба или се наследува. Нивното перење е вистински предизвик, но тоа не ги спречувало луѓето да ги покријат сите кревети со нив.

raboti-shto-gi-imashe-vo-sekoj-jugoslovenski-dom-15.jpg

Чоканче

Секој дом имаше мали шишенца за пиење ракија. Ако дедо ви е љубител на овој пијалак, веројатно сè уште го пие од чоканче.

Тоа што е речиси невозможно да го измиете, очигледно не било проблем.

raboti-shto-gi-imashe-vo-sekoj-jugoslovenski-dom-16.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg