Гоблени, јамболии - Работи што ги имаше во секоја југословенска куќа
Секој историски период си има свои обележја, а тоа не се само важните настани што се случиле тогаш. Овде спаѓаат и навиките и културата на луѓето, но и разните предмети што ги користеле сите.
Многу нешта се променија од времето на Југославија, од начин на живот, па сè до уредување на домот.
Следниве предмети беа неизбежен дел од секоја југословенска куќа, а можеби и сè уште чувате дел од нив:
Зелен креденец
Зелениот креденец беше задолжително парче мебел во секој дом, а мора да признаеме дека е навистина функционален. Обично креденците имаа по неколку фиоки и места за складирање и во нив можеше да се чува сè.
Некои домови имаа и кафеави креденци, но зелените се оние што го обележуваат периодот.
Сервис кој се користеше само за посебни прилики
Ова беше поскап сет чинии и шолји кој неретко се наследуваше од семејството или се добиваше како подарок на свадба.
Интересно е што речиси сите го чуваа само за посебни прилики.
Бокал за вода
Ако сте помлади, веројатно се сеќавате дека бабите ни носеа сок или вода во стаклен бокал.
Во времето на Југославија, пак, изгледа било незамисливо да се послужи пијалак од амбалажата во која е купен.
Милје (на телевизорот)
Нашите баби биле навистина вешти со нивните раце, па секој дом беше добро снабден со неколку милјеа.
Дали и кај вас имаше милје на телевизорот?