Надворешната убавина ќе ја измие првиот дожд, она што блеска во тебе не се губи никогаш
Еден ден ќе сфатиш дека постојат луѓе коишто никогаш нема да те изневерат. Но, претходно ќе мораш да испиеш многу, многу солзи предизвикани од луѓето коишто на еден или друг начин те изневериле.
Еден ден ќе сфатиш дека надорешниот сјај е ништо спореден со внатрешната убавина. Затоа што сè што ја краси надворешноста, трае до првиот дожд.
Она што го носи човекот внатре ќе блеска секогаш. Дури и доколку сјајот се изгасне после неколку примени удари. Но, доволен е само слаб ветар, огнот полека ќе пламне и ќе те згрее.
Еден ден ќе сфатиш дека многу приказни, мотивирачки цитати, афоризми коишто си ги изнаслушал околу тебе се само празни, иако убаво спакувани зборови, но празни – ништо повеќе од тоа. Важни ќе бидат само твоите вистини, оние коишто си ги научил, си ги преживеал на сопствената кожа.
Еден ден ќе сфатиш дека добрината, нежноста, љубовта и грижата за другите околу тебе, се одлика на внатрешна сила, а не на слабост.