Сега е твоето време - остави ги штиклите, облечи балетанки и престани да се смееш со сила
Со текот на времето сфаќаш декако некако се смири. Се стиша. Се промени. Другите можеби не забележуваат. Но, ти знаеш.
Носиш балетанки многу почесто. Штиклите ги остави за посебни прилики, ретко за целодневно носење. Научи дека убаво и привлечно не секогаш значи кратко и тесно, скапо и брендирано.
Во последните години од море се враќаш многу помалку потемнета отколку порано. Не си дозволуваш да изгориш трудејќи се што повеќе да добиеш чоколаден тен. Носиш бикини без да размислуваш за целулитот. Па, сите го имаат. Не го вовлекуваш стомакот кога стануваш од лежалката. Што е – тука е. На кого не му се допаѓа – не мора да гледа.
Не се мачиш со диети. Не се прегладнуваш и не гладуваш. Не броиш калории. Знаеш што е здраво и добро за тебе. Конечно научи да го слушаш телото.
Си купуваш мекано ќебенце кое е само твое, за да се наметнеш додека читаш стуткана во фотелјата. Си го наоѓаш омилениот чај и правиш ритуал од неговото пиење. Не ги читаш до крај книгите кои не ти се допаѓаат. Не се мачиш да гледаш филмови само затоа што имаат добра оценка. Ги оставаш за некои други времиња или некоја друга ти.
Танга не носиш ни под разно. Има ли потреба да објаснуваш зошто?
На славите и свеченостите не те болат образите од лажно смеење. Немаш потреба да ги анимираш сите и не си веќе онаа која ја прекинува непријатната тишина.
Си се променила. Не значи дека си се предала. Само си научила што ти одговара.
Тоа значи дека се сакаш себеси доволно.
Доволно за да имаш храброст да направиш разлика – помеѓу она што мораш и она што ти годи. А, она што „мораш“ да го правиш е многу поретко.
Сега е твоето време...