За другарка ми од детство - Те сакам моја сродна душо!

za-drugarka-mi-od-detstvo-te-sakam-moja-srodna-dusho-01.jpg

Носевме ламбади како мали.

Имавме шнолички со цветчиња во косите и јас ќе ти ја дадев мојата розова, а ти мене твојата сина за да носевме двете една таква, една таква.

Моите родители те сакаа како свое дете и твоите родители мене исто така.

Штом заѕвонеше училиштното ѕвонче веднаш притрчувавме една кај друга за да си споделиме нешто.

Само ние си ги знаевме сите тајни. Дааа, дури и оние „најсрамните“.

Омилено време од денот ми беше кога ќе дојдеше кај мене после часови.

Ги озборувавме сите „шмизли“ и сите „недозреани“ соученици.

Тема ни беа и демоде фризурите на учителките или нивните ужасни модни избори.

za-drugarka-mi-od-detstvo-te-sakam-moja-srodna-dusho-02.jpg

Правевме лексикони и пишувавме дневници.

Си кажувавме што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме.

Си подарувавме тетратки, стикери, шарени пенкалца.

Дувавме свеќи на родендени, игравме танго и се сликавме, штедливо да не го потрошиме целиот филм во апаратот.

Си плетевме плетенки и се шминкавме.

Се договаравме што ќе си купиме за ужинка.

Си споделувавме што нѐ мачи и што нѐ усреќува.

Цртавме хамери, пишувавме домашни задачи, учевме песнички, сето тоа заедно.

Се поддржувавме дури и кога имавме различни ставови за нешто.

И поминаа години од тогаш...

И мене ми е мило што и денес работите се исти.

Можеби веќе не цртаме заедно на хамери и не носиме ламбади, но подеднакво чисто и искрено се сакаме и си посакуваме само добро.

И денес сме тука да си се ислушаме и да си ветиме дека нема да се напуштиме и во најтешкото.

Тука сме си да си дадеме совети, да си олесниме на душата и да се сетиме на старите добри времиња и да се радуваме на убавите мигови кои допрва ќе дојдат.

Можеби не сме повеќе безгрижните девојчиња со цветчиња во косите, но сме подеднакво блиски како некогаш, подеднакво искрени една со друга како некогаш и подеднакво „зависни“ од присуството на другата во нашиот живот.

И тоа ме радува... Што се уште те имам тебе до себе, моја другарке од детство!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Некогаш vs. сега: Како изгледаат денес ѕвездите по кои лудувавме во 1990-те? Брендон од Beverly Hills, Ејдан од Sex and the City - колку се остарени ѕвездите...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg