Сето богатство и моќта се безначајни, никој нема да ја носи твојата болест наместо тебе – да се потсетиме на последните зборови на Стив Џобс

Стив Џобс, основачот на Apple почина во својата 56-та година од животот од рак на панкреасот. Во моментот на неговата смрт во 2011 година, богатството на Џобс беше проценето на 11 милијарди долари. Да се потсетиме на неговите последни зборови кои ги остави за светот:

Poslednite-zborovi-na-Stiv-Dzobs-01.jpg

„Во очите на сите останати, мојот живот е рецепт за успех, меѓутоа на страна од работата, јас приватно уживам многу малку среќа. На самиот крај, богатството е само факт во мојот живот на кој сум навикнат.

Во овој момент, лежејќи на креветот болен и беспомошен, присетувајќи се на сите работи од мојот живот, сфаќам дека целото мое богатство и моќ, се комплетно безначајни на прагот од смртта.

Со пари, можеш да најмиш некој да го вози твојот автомобил наместо тебе, да прави пари наместо тебе, но не можеш да платиш никој да ја носи твојата болест наместо тебе.

Секој еден што трага, може да најде материјални работи. Но постои една работа што откако ќе биде изгубена, никогаш повторно не може да биде најдена, a тоа е животот.

Постапувајте добро кон себе и почитувајте ги другите. Како што стануваме постари стануваме и помудри, па полека сфаќаме дека и двата часовника, и оној од 30, и другиот од 300 долари, го покажуваат истото време.

Без разлика дали носиме чанта вредна 30 или 300 долари, количината на пари во паричникот останува иста.

Без разлика дали возиме кола од 30 000 или 150 000 долари, сепак ќе стигнеме на истата дестинација.

Без разлика дали ќе пиеме вино од 10 или од 500 долари, чувството на мамурлакот ќе биде исто.

Без разлика дали куќата во која живееме е 300 или 3000 квадрати, осаменоста е иста.

Нашата внатрешна, вистинска среќа, не доаѓа од материјалните работи со кои располагаме. Без разлика дали леташ со прва или економска класа, ако авионот паѓа, и ти ќе срушиш со него.

Се надевам дека разбирате - кога имате пријатели и личности со кои може во секое време искрено да разговарате, вие сте навистина среќни.

Poslednite-zborovi-na-Stiv-Dzobs-02.jpg

5 правила до кои ви препорачувам да се држите:

1. Не учете ги вашите деца да бидат богати, учете ги да бидат среќни. Па така, кога ќе пораснат, ќе бидат способни да ја распознаат вредноста на нештата, а не нивната цена.

2. Јадете ја храната како лек, во спротивно, ќе морате да ги јадете лековите наместо храна.

3. Тој што вистински ве сака, нема никогаш да ве напушти, дури и да има 100 добри причини да го стори тоа. Секогаш ќе наоѓа барем една за да остане покрај вас.

4. Постои огромна разлика помеѓу човечко суштество и да се биде човек.

5. Ако сакаш да одиш брзо, оди сам. Ако сакаш да отидеш далеку, одете заедно.

Заклучок:

Шесте најдобри доктори на светот се:

  • Сонцето
  • Одморот
  • Вежбањето
  • Здравата исхрана
  • Самоувереноста
  • Пријателите

Вметнете ги во вашето секојдневие и со сигурност ќе уживате во вашиот долг живот.

Без разлика во која доба на животот сме сега, ќе дојде ден кога завесите ќе мора да се спуштат. Сакајте ја својата фамилија, сакајте го вашиот сопружник, сакајте ги вашите пријатели.

И запаметете, сакајте ги луѓето што Бог ги пратил во вашите животи, еден ден ќе му требаат назад.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg