Јас можам, ти можеш, ние можеме, само духот да не нѐ напушти!

jas-mozham-ti-mozhesh-nie-mozheme-samo-duhot-da-ne-n-napushti-01povekje.jpg

И ќе биде болно во животот, ќе има ден кога ќе изгубиш некого, кога ќе изгубиш здравје, кога ќе помислиш дека веќе ништо не може да те собере.

Ќе чувствуваш само болка и очај и на себе ќе гледаш како на скршена личност.

Ќе веруваш дека неправда ти е нанесена, ќе се чудиш како животот може да биде толку суров и ќе кажеш збогум на безгрижниот живот...

Но, тоа не значи дека треба да се предадеш.

Тоа не е крај, тоа е почеток на една нова етапа од твојот живот.

На етапа во која си поцврста личност која знае како да го надмине секој животен предизвик.

Можеби не си безгрижен како порано, но сега знаеш да го цениш секој миг од животот.

Сега одвојуваш време да си благодарен за здравјето што го имаш, за тоа што си опкружен со луѓе што те сакаат, за тоа што денес има сонце, па дури и за тоа што вчера имаше дожд.

Да, сега сфаќаш дека животот всушност е убав, дека ти всушност си бил среќен, но не си ценел.

Можеби на миг чувствуваш дека ништо немаш, дека сѐ е прокоцкано, но всушност имаш многу... Го имаш тој нескротлив дух, таа страст за живот и таа огнена душа и верувај со тоа имаш сѐ.

Ти не се предаваш, не потклекнуваш, продолжуваш каде што си застанал и уште позабрзано целиш кон она што отсекогаш си си го посакувал себеси во животот.

Знаеш дека среќата не е таму некаде надвор, туку во себе и си посреќна личност од многумина во твојата околина кои всушност се во подобра животна ситуација.

Ти си инспирација, ти си борба, ти си одлучност, ти си лекција за како треба во животот.

Биди „заразен“ за тие околу тебе со твојата љубов кон животот, кога им е тешко кажи им: „Јас можам, ти можеш, ние можеме, само духот да не нѐ напушти – тоа е единствено важно!“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg