Како Блаже Конески ги замислувал „Убавите жени“ на својот народ?

Македонската поезија несомнено изобилува со прекрасни песни и поеми. Еден од нив, мајсторот на занаетот на ковањето на зборови, Блаже Конески, дал свој опис за „Убавите жени“.

Kako-Blaze-Koneski-gi-zamisluval-ubavite-zeni-01.jpg

Во пресрет на празникот на женските права и еднаквоста, 8 Март, прочитајте ја оваа куса, но моќна песна и запрашајте се – како вие ги доживувате убавите жени околу вас во Македонија?

Убавите жени во мојот народ
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.

О неправда!
Тие им припаѓале на неизбрани мажи,
нивните коси дење сплетени во прцлиња
ноќе распуштени по градите и колковите.

Нивниот постап на препелица
набрзо го сопинала унечка,
нивната младост поминувала
како мирис на липа што го одвева ветрот.

Набрзо тие седнувале на порта
со наведната глава и издадени коленици,
со нечујна издишка.

Убавите жени, несреќните жени
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.

- Блаже Конески

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg