За сите оние што сакаат да им судат и да солат памет на мајките...
Сите вие кои не пропуштате можност за да ѝ кажете дека не е добра мајка...
Ти, што не бираш зборови и што ја обвинуваш за сѐ.
И ти, што превртуваш очи кога нејзиното дете се однесува онака како што не ти одговара тебе.
И ти, што ја гледаш намуртено во паркот затоа што дои во јавност, срам да и ѐ!
А и ти, што ја обвинуваш затоа што не дои и од торбата вади шишенце со подготвено млеко.
Посебно ти кој без пардон секој пат и кажуваш дека се здебелила и дека би можела да се среди, Сепак поминало доста време од пораѓајот. А, ако е секогаш средена да и кажеш дека може да посвети повеќе време на детето наместо да се дотерува. Боже пази.
И ти, што наоѓаш време да судиш дали е престрога или премногу попустлива со своето дете.
Ти, што наводно се грижиш дали детето и е премногу или претенко облечено, дали и е чисто или валкано... и сите вие кои мислите дека сте подобри од неа, а никогаш не сте имале можност да бидете во нејзина кожа.
Па дури и ти, која си исто така мајка, а мислиш дека си подобра од неа и си земаш на право да и го кажуваш тоа во лице...
Ти, што случајно поминуваш покрај неа и си даваш за слобода да солиш памет зошто му дава на детето чоколадо или зошто уште е со цуцла.
Што ви е гајле кога родила, како родила и кој и ги направил детето.
Што ви е гајле кој и го чува детето, зошто излегува секој втора вечер, дали перела и пеглала цел викенд и дали купила скапа торта за детето?
Можеби не знае да готви, можеби не сака да прави роденден, можеби сака последните пари да ги потроши за тортата кое тоа ја посакува?
Можеби детето го пуштила порано во градинка затоа што мора да работи и да се бори за опстанок.
Немојте да и ги сечете крилјата на мајката – така ќе уништите еден цел свет.
Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com