Постојат жени кои каде и да се појават, сите гледаат во нив...
Постојат жени кои не паѓаат на комплименти и убави зборови. Постојат жени кои веруваат во факти.
Постојат жени кои не гледаат интерес во сè што прават. Жени кои кога ќе се појават сите гледаат во нив. Носат сјај во себе.
Жени кои од вас сакаат само силна прегратка и да ги држите за рака. Жени на чии усни секогаш има насмевка и се полни со страст за животот. Жени кои се навистина кралици.
Постојат жени кои веруваат дека ако имате исти соништа, сите врати ќе ви бидат отворени. Кои многупати се повредени, но никој нема да забележи. Жени кои веруваат во вредности кои никогаш не смеат да бидат изгубени – како на пример достоинството.
Постојат жени кои имаат само еден страв – страв да не станат како сите други.
Постојат жени кои веруваат дека сите желби можат да станат реалност. Дека сите сеќавања можат да ги чуваат длабоко во своето срце.
Жени кои имаат надеж и презир кон реалноста, но и храброст да ги променат овие работи.
Жени кои веруваат дека животот е направен да сонуваме и да се сакаме. Кои веруваат дека и кога животот е суров кон нас, ние треба да му се насмевнеме. Жени кои знаат дека некои приказни кои живеат во нас, засекогаш ќе ни бидат болка, но треба да научиме како да се носиме со истата.
Постојат жени кои живеат слободно и спокојно иако го носат товарот на животот. Жени кои иако денот е сив и тмурен, тие ги покажуваат сите бои кои ги имаат во себе. Жени кои и кога се околу нас е несигурно, носат сигурност.
Жени кои носат топлина со својата насмевка. Никогаш не ги кријат своите слабости, не се плашат да бидат несовршени и да се прикажуваат во поинакво светло од она какви се навистина...
Затоа што знаат дека нивните слабости и несовршености се оние карактеристики што ги прават уникатни.
Жени кои знаат дека совршенство не постои... жени кои знаат дека само лице кое се насмевнува е совршено!
Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com