Ако мажена жена изгледа добро и е насмеана...
Ако мажена жена изгледа добро и покрај годините кои веќе не се толку малку – треба да му пружите рака на нејзиниот сопруг. И да го погледнете во очи со восхит. Тоа е негова заслуга.
Тој е „виновен“ што таа сè уште изгледа прекрасно. Не дозволил да работи тешки работи. Не ја критикувал, не ѝ се обраќал со погрден тон и со груб глас.
Тој ја сакал, прегрнувал и бакнувал. Ѝ давал комплименти. Ја штител од опасности. Ја тешел кога била загрижена. Ја правел среќна секој ден. Подготвувал мали изненадувања. Благодарение на своето убаво однесување, тој добил вистинска убавица.
Во 40-тите и 50-тите години ова е и тоа како јасно и видливо. После 60-тата, и тоа како. Жената со добар сопруг е убава, спокојна, елегантна, негувана. Секогаш насмеана. Сите други мажи му завидуваат и се прашуваат зошто нивната жена не изгледа така.
Повеќе од јасно е дека жената треба да ја чувате и негувате како најскапоцен камен. Како скапа „машина“. Или едноставно – како човек.
Секако, постојат и дами кои се убави и кои се сами. И малку жени кои успеале да ја сочуваат својата убавина и достоинство и во несреќен брак.
Морате да ја чувате својата сопруга. Секој ден. Изгледот и карактерот на жената многу зависи од односот на мажот кон неа. Од убави зборови – таа ќе блеска повеќе. Со прегратка – ќе биде уште посилна. Со бакнежи – подобра и поубава.
Нема ништо поубаво од чувана и негувана жена. Нема ништо поубаво од насмеана и среќна жена.
Е. П.| Црнобело / фото: depositphotos.com