„Разведи се, затвори се дома, чувај деца и чекај да те снема!“ – зошто ве интересираат туѓите проблеми?

Од многуте дискусии на интернет, најчесто започнати од луѓе на кои треба да им се забрани пристап до истиот, една од нив започна со прашањето – што мислите вие со паметот, што земате разведени жени со деца?

Razvedi-sei-ztavori-se-doma-01.jpg

Па веројатно она што го мисли секој вљубен човек, те сакам и прифаќам таква каква што си и сакам да го поминам животот со тебе.

Ама не, во Македонија, во 2020 година, разведените жени и мажи, самохраните родители се божемна чума. Според мнозинството тие не заслужуваат живот по разводот.

Најубаво да ги затвориме дома, да ги држиме на лепче натопено со солзи и да си ја чукаат главата каде погрешиле додека нè достигнат покајание. И најбитното – прошка од околината.

Не знам со какви лоши идеи сте задоени, ама никогаш не можеш да бидеш сигурен каков правец ќе ти фати животот. И да, разводот е за луѓе. Многу подобро и похумано решение за сите отколку лош, нефункционален брак.

Некој открил дека сепак не му одговара партнерот. Кај некои љубовта исчезнува. Друг се соочува со проблеми од типот на малтретирање, физичко, психичко или финансиско исцрпување на ресурсите од страна на едниот неодговорен партнер.

На крајот на краиштата – зошто ви е вам битно зошто некој решил да се разведе? Што ве интересираат толку туѓите проблеми?

Ајде што ве интересираат, па и судите за истите. Жената или мажот смогнале сили да ја поминат голготата наречена развод и некако се обидуваат да продолжат со животот понатаму, ама не.

Вие сте тука да ги опсипете со сто прашања и предрасуди - како може да се дотерува некој после сето тоа, да излегува, да се смее, да се забавува, да си најде нов партнер, да шета со него, да ги остава децата кај бабата и дедото, додека се „шлае“ таму некаде со којзнае каков дечко или нова девојка?

Сигурно имате огледало дома. Препорачувам штом стигнете во домот да застанете пред него, добро да се погледнете и да почнете да си ги анализирате сопствените проблеми. Доволно ви се тие. Навистина не ви требаат и проблемите на разведените луѓе. И ич не им го берете гајлето како си ги решаваат.

Особено пак не треба да ви биде гајле како разведената жена си продолжува животот понатаму. Да треба да одлучувате вие совршените, сигурна сум дека ќе ја затворите дома, да не види бел ден, да чува само деца и да го чека судниот ден.

Среќа па никој не ве прашува за мислење ниту некогаш ќе биде релевантен вашиот став. Најголемата иронија е што ваквите коментари доаѓаат од луѓе заробени во целосно дисфункционални бракови или од некој што нема поим како е да се биде во каква било врска или заедница.

Па земете здив длабоко. И одморете од невкусните коментари. Животот е еден и најдобро е секој да си го гледа својот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg