Ми треба само едно кафе во тишина и да отидам сама во тоалет - исповед на една мајка

Кога велам дека ми треба пауза, не сакам да кажам дека не го сакам моето семејство.

mi-treba-samo-edno-kafe-vo-tisina-i-da-odam-sama-vo-toalet-ispoved-na-edna-majka-01.jpg

Сакам да кажам дека одењето во тоалет секогаш со публика знае да ми дојде преку глава повремено.

Кога велам дека ми треба одмор, не велам дека не сакам да имам деца.

Ама мислам дека би било убаво барем едно утро да се нашминкам и средам на раат, без да треба да бришам кармин од подот или од лицето на ќерка ми, додека правам појадок за син ми.

Кога велам дека ми треба одмор, не велам дека сакам да излегувам секој ден со другарките.

Едноставно би сакала да испијам едно кафе во мир и тишина без да разговараме за температури, тантруми и пелени.

Кога велам дека ми треба одмор, мислам на тоа дека почнувам „да се губам“.

Ми треба момент да бидам „јас“. Без обврски, без притисок, без грижа на совест.

Само момент за да се потсетам дека јас сум убава, паметна, добра.

Пауза од тоа постојано да сум потребна некому.

Ми треба малку одмор за да „си ги соберам сите делови на куп“ и да бидам уште посилна. Да бидам мајка каква што сакам да бидам.

Извор

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg