Таа пред сите се смее, но кога е сама плаче...

Таа има прекрасна насмевка. Со нејзините совршено наредени бисерни заби и светли очи. Кога ја гледате надворешно, нејзиниот живот изгледа навистина идеален. Ги живее соништата кои ги сонувала со години.

taa-pred-site-se-smee-no-koga-e-sama-place-01.jpg

Но, кога е сама, таа плаче.

Плаче затоа што често се мачи да најде сила која ќе ја натера да продолжи понатаму.

Плаче за болката во мускулите и коските кои никогаш не одмораат.

За парите кои не ги заработува и покрај илјадници дополнителни работни часови.

Плаче за празнината во нејзиното срце. И во нејзината мајчина утроба.

Таа се насмевнува на убавото изгрејсонце и зајдисонце.

Се смее кога Месечината со својата светлина ја прегрнува додека лежи во креветот.

Се насмевнува затоа што на крајот на денот знае дека сè ќе биде подобро.

Таа е твојата сосетка, сестра, мајка, сопруга...

Таа се труди да биде совршена.

Таа се грижи за сите, пред да си посвети време за себе. Најчесто го нема ова време во денот.

Таа ги става своите потреби на последно место.

taa-pred-site-se-smee-no-koga-e-sama-place-02.jpg

Таа се крие зад совршената насмевка, но секојдневно се соочува со функционална депресија. Овој тип на депресија се јавува кај луѓе со премногу обврски и е најчесто потиснато па овозможува извршување на дневните обврски.

Во надворешниот свет сте продуктивна личност. Но, кога ќе заврши денот, ви се трошат внатрешните ресурси. Се карактеризира со замор и недостиг на енергија.

Кои се најчестите симптоми:

1. Раздразливост

2. Осудување (кон себе)

3. Работата станува вистинско измачување

4. Анксиозност

5. Чувство дека постојано губите време

6. Заборавање на работите за кои сте се грижеле (изгледот, чистиот дом, вежбање, хоби).

Извор

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg