Дури и најсилната личност се изморува од тоа што мора да биде силна и ѝ треба одмор...
Дури и најсилната личност може да се измори. Дури и најхрабрата личност и најотпорната на сите случувања и проблеми, некогаш може да се измори.
Да се измори од обврската да се грижи за себе и за сите други. Да биде добро за себе и за сите други. Да се држи за сите други.
Дури и овие личности може да се изморат од независниот живот кој бираат да го живеат, од сите одговорности кои ги имаат, од сите работи кои чекаат на нив да бидат завршени и сметки кои не прашуваат кога да бидат платени.
Тие се изморени од тоа што луѓето очекуваат да бидат нивно рамно за плачење и од тоа што секој да очекува да се потпре на нив, а самите тие да немаат на кого да се потпрат.
Тие не можат дури ниту да се пожалат, бидејќи сите очекуваат силната личност да може да направи сѐ. Силната личност не може да се скрши.
Сите очекуваат дека силните личности ќе бидат добро, а не им ни паѓа на памет дека тие може да имаат свои проблеми и дека можеби им е потребна помош.
Но, силната личност не треба да се жали и нема зошто да пушти солза ниту да побара помош, затоа што е силна...
Изморени се од тоа да бидат добро...
Дури и на најсилната личност ѝ е потребна љубов и поддршка. Никој не сака да се чувствува осамено. Никој не сака да биде тука за секого, а да нема никого за себе.
Понекогаш, силните луѓе не сакаат да бидат херои. Тие само сакаат некој да дојде да ги спаси и да биде тука за нив. И тие се кршливи како сите останати. И тие сакаат да се откажат. И тие имаат свои „демони“ со кои се мачат.
Им треба некој на кого може да се потпрат, кој може да го наречат лојален човек, некој што ќе им биде пријател или партнер, некој кој ќе ги научи на сите прекрасни работи кои ги нуди животот, некој кој ќе ги држи за рака и ќе ги турка да продолжат понатаму, бидејќи се одлични во тоа што го прават.
Бидејќи некогаш... дури и најсилната личност може да се скрши. И овие луѓе имаат граници. И тоа најчесто се случува кога веќе е изморена да го држи својот и товарот на сите во своите дланки. Изморена е од сите и од сѐ.
Кога предолго време е силна и заборава на себеси. Кога не може да се извлече од кревет бидејќи нејзиното тело, срце и душа тежат. Кога сѐ што изградила се руши и распаѓа, а нема никој околу себе да ѝ помогне.
Дури и најсилната личност има потреба од одмор. Ѝ треба некој друг да биде главен и да преземе контрола.
Потребно ѝ е да го намали темпото и да ги наполни батериите. Во спротивно, ќе прегори и ќе си наштети. Потребно ѝ е да биде ранлива за промена и да дозволи некој друг да направи нешто за неа.
Бидејќи, и овие личности не се со супер моќи. И тие се човечки суштества и потребно им е да го почувствуваат тоа.
На крајот од денот, дури и на најсилната личност ѝ се смачува да биде силна, бидејќи не е родена со сета таа сила.
Овие личности научиле сами како да бидат силни, се соочиле со многу тешкотии и предизвици, а никој не бил тука да им подаде рака.
И дури и на овие личности понекогаш им недостига да бидат какви што биле пред луѓето и околностите да ги научат какви треба да бидат – силни и независни, бидејќи луѓето најчесто си заминуваат и не може да сметаат на никого...
Да се биде силен не значи да се биде без срце и душа. И силните личности имаат чувства, и покрај отпорниот ѕид во кој гледате...