Такви времиња дојдоа - да ти е срам што немаш полнети усни, издолжени трепки и нацртани веѓи

„Леле, изгледаш уморно, спиена ли си?“- беше првото нешто што ми го кажа другарка ми кога ни отвори врата. На вечера, кај нив дома. И, да ова ми пречеше затоа што јас во моментот навистина се потрудив и сметав дека изгледав убаво дента.

takvi-vreminja-dojdo-da-ti-e-sram-sto-nemas-polneti-usni-izdolzeni-trepki-i-nacrtani-vegji-02.jpg

Колку и да не дозволувам до мене да допираат ваков тип на коментари, на крајот на денот ова влијае на мојата самодоверба.

Денес сум под постојан притисок дека како летаат годините така се очекува од мене дека треба да направам нешто со што ќе го сопрам стареењето.

Мојата пријателка ми мисли добро, јасно ми е. Но, не може да разбере дека мене апсолутно не ми е дојдено до третмани против стареење, ботокси и филери.

Честопати знаат да ми кажат: „Тоа ти е нешто како основна хигиена – исто како што миеш заби секој ден“.

Корекциите на лицето денес се сосема нормални и се чувствувам како јас да се издвојувам од групата, како некој диносаурус.

Ме загрижува фактот што рутина денес не е чистење на лицето пред спиење и нега со крема, туку полнење на усните, цртање на веѓите, ослободување од брчките.

Притисокот на општеството е толку голем што треба да се чувствуваш непријатно ако дозволиш да старееш и да изгледаш како за своите години.

Се обидувам да им ги објаснам овие погрешни вредности и на моите ќерки.

„Ќе мора да направиш нешто. И тоа во најскоро време. Не мораш ти да се фаќаш за процедурите за отстранување на вишок сало...но, мора да се боцнеш барем во лицево“... беше последниот муабет на кафе со другарките.

И како да мора да го направиш ова - затоа што сите жени го прават. Нешто како што се шминкаш наутро.

takvi-vreminja-dojdo-da-ti-e-sram-sto-nemas-polneti-usni-izdolzeni-trepki-i-nacrtani-vegji-01.jpg

И гледај да ставиш и трепки или да ги издолжиш сопствените. Затоа што твоите никогаш нема да бидат доволно добри.

Веќе е нормално да се запрашаш дали твојата уста што не е подигната и напрчена нагоре не е во ред.

Се прашувам дали повеќето жени ги прават сите овие зафати под притисок на околината или навистина сметаат дека не изгледаат доволно добро?

И не е точно дека јас не се грижам за својот изглед. Тоа што одлучувам дека сакам да живеам во денешницата и да изгледам како за својата возраст, тоа што не сакам да го вратам часовникот назад – не значи дека не се чувствувам убаво.

Да, вие сте одлучиле да направите корекции на својот изглед и ова е во ред, но не ме присилувајте и мене. Секој има право на свој избор и не сакам да се чувствувам виновна што сум решила дека сакам да стареам како што „бил планот“. 

Што се обидуваме да докажеме? Дали е безобразно да се појавам на вечера и притоа да изгледам соодветно за моите години?

Дали се обидуваме да докажеме дека додека целиот свет се менува, ние остануваме исти? Дека не старееме?

Дали со мојот изглед ги потсетувам пријателките дека не, не сме веќе млади и не може да изгледаме како пред 20 години?

Девојки, жени, барем денес имате избор. Некои од нас ќе одберат да стареат, некои ќе одберат разубавување со естетски кореции.

Јас одбирам да стареам достоинствено. Колку порано сфатиме дека нема ништо грдо во природното – толку подобро. Промените и нашата трансформација со годините се дел од животот.

Колку порано ја прифатиме реалноста и сме благодарни за она што сме и што го имаме, толку подобро ќе се чувствуваме. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg