Големи луѓе, а мали карактери – иронијата на денешницата

Големи луѓе, а мали карактери. Огромни и „фенси“ куќи на три ката, а мали семејства и распарчени домови. Толку многу удобности што животот ни ги пружи, а толку малку волја за сè.

golemi-lugje-a-mali-karakteri-ironijata-na-deneshnicata-01.jpg

Високи згради, а „ниски“ размислувања. Отворени патишта за секаде, а ограничени погледи. Многу дипломи и мастери, а сѐ помалку знаење и смисла. Сè повеќе експерти, а уште повеќе проблеми за решавање. Напредната медицина, а сè повеќе болни.

Трошиме бесмислено, возиме неодговорно, забораваме да се смееме доволно, многу брзо „избувнуваме“ и се разгневуваме, седиме до доцна, стануваме мамурни и без волја за живот.

Го претрчуваме животот, наместо да растеме низ него и со него.

Ги зголемивме вредностите на материјалните работи, а ја спуштивме цената на моралните вредности. Знаеме како да живееме удобно, но не и како да го живееме животот. Ги наредивме само празни години една до друга, наместо да создадеме богат живот.

Изградивме поголеми работи, но не и подобри. Пробуваме да го исчистиме воздухот, а си ја загадивме душата. Планираме сè повеќе, а исполнуваме и дејствуваме сè помалку. Брзаме и претрчуваме низ сите обврски, наместо да ги правиме со љубов и задоволство.

Генерација на наметнати стандарди за убавина и „испрани мозоци“. Денови на врски без обврски, „запуштена“ моралност, луѓе без човечност и таблети за смирување и расположение.

Се качивме на месечината, а сè уште си го немаме пронајдено и истражено патот до духовното спокојство. Сѐ помалку читаме, а уште помалку учиме. Телефоните ни се „залепија“ за рацете и не ни дозволуваат да погледнеме подалеку од перспективата која тие ни ја нудат.

А, додека се освестиме за сето ова, веќе е премногу доцна. Обично луѓето живеат два живота. Првиот, оној кој го земаат здраво за готово, кој го претрчуваат и не го вреднуваат доволно, и оној, вториот, кој започнува во моментот кога ќе се свестиме дека навистина живееме само еднаш.

Затоа смејте се повеќе, сакајте, простувајте и кажувајте „те сакам“ на оние кои ви значат. Споделувајте бакнежи и прегратки, затоа што не чинат ни скршена пара, а се повредни од што било.

Ценете ги сите луѓе околу вас и бидете љубезни, затоа што секој се бори со некоја своја приказна и затоа што колку и да звучи нефер, тие нема засекогаш да бидат до вас. Одвојте време за разговор, за многу разговор и споделувајте ги мислите кои ви поминуваат низ глава.

Научете да живеете, вистински да живеете, пред да биде навистина доцна и да се каете што не сте се освестиле порано.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg