Дојде време да му кажеш „Збогум“ на оној кој не те сака...

Дојде време да се збогуваш со личноста која не те сака повеќе во животот. После една година, ниту еден знак не покажува дека има надеж за вас.

dojde-vreme-da-mu-kazes-zbogum-na-onoj-koj-ne-te-saka-01.jpg

Јасни ти се работите.

Знаеш дека тој се буди кога изгрева сонцето и потоа продолжува да спие.

Знаеш дека е најсреќен кога слуша рок музика.

Знаеш дека сака да се тушира долго и да ужива во утринското кафе без млеко.

Но, не знаеш што чувствува тој за тебе. И токму тоа е твојот одговор.

Збогувањето со личноста која не те сака, знае да биде тешко.

Додека твоите дланки се потат, срцето ти чука триста на час, гласот ти трепери и ти се стега грлото, личноста која не те сака – продолжува да НЕ ТЕ САКА. Не му требаш.

Збогувањето ќе те потсети на сите грешки во текот на врската.

Ќе се прашуваш дали и што ќе беше поинаку ако тој те сакаше во неговиот живот. Ако не му беше сеедно дали ќе се разбуди денес покрај тебе.

Мораш да се сетиш дека во животот и понатаму има дрвја и цвеќиња, огнови и вино, чоколадо и океани, плажи и изгрејсонца... и други луѓе кои можат да предизвикаат бура во твоето срце.

Но, мора да научиш и ти како да предизвикаш бура некому. Во спротивно, повторно ќе завршиш со следната личност која нема да те сака.

Земи воздух, вдиши длабоко. Време е за кажеш збогум на личноста која не те сака. Да свртиш нов лист. Да ги заборавиш неговите навики. Тој никогаш не ги знаеше твоите.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога личноста не е задоволна од себе и својот живот, тогаш станува злобна кон другите Личноста која не е среќна со себе почнува да станува завидлива, да се однесува д...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg