„Лесно е да се стигне до врвот, тешко е да се остане таму“ - да беше жив, денес Тоше ќе наполнеше 39

25 јануари. Да беше жив, нашиот Тоше Проески денес ќе наполнеше 39 години. Со најуспешната кариера на кој било пејач на македонските простори. Со неговата публика, со неговото ѕвездено небо.

Da-bese-ziv-denes-Tose-ke-napolnese-39-01.jpg

Не штедејќи го гласот. Не штедејќи ги убавите зборови за неговата Македонија. Не гледајќи во часовникот што побрзо да заврши концертот.

Оставајќи го срцето на сцената, таму некаде за сите кои купиле билет во потрага за поубави соништа. На тој начин го полнам моето срце, со вашата енергија и љубов. Барем така велеше Тоше.

Тој не сонувал дека ќе стане она што беше. Во едно интервју изјави дека сонувал да стане војник или доктор. Но ништо од тоа не му се остварило. За среќа, љубовта ја изразуваше на најубавиот начин, преку музиката.

Секој може да стане пејач. Ретко кој може да стане ѕвезда. И притоа да остане човек.

Појавата на Тоше беше чиста космичка енергија – ангелски глас, енергија, харизма и прекрасна насмевка.

„Лесно е да се стигне до врвот, тешко е да се остане таму“, ќе кажеше Тоше. Она што ние сакаме да му го кажеме денес е дека тој никогаш и не се симна од него.

Засекогаш ќе останеш таму каде што си, горе, недопрен на врвот, меѓу ѕвездите…

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg