Драга мамо, гушни ме, држи ме во раце, ќе пораснам брзо...

Драга мамо, тука сум, стигнав. Без некоја драматична најава, но верувам дека ти си подготвена.

draga-mamo-gusni-me-drzi-me-vo-race-ke-porasnam-brzo-01.jpg

Убаво ме галеше и чуваше овие 9 месеци, но од денес па натаму ти си ми најпотребна.

Мене не ми е гајле дали е купатилото чисто, дали алиштата се испеглани, дали е исчистен подот и дали чорапите кои ги носам се исти. Дали си во пижами или си совршено средена, дотерана, нашминкана.

Јас само знам дека секогаш е вистинското време за љубов, галење и гушкање.

Ако плачам, тогаш си ми најпотребна. Земи ме во раце и утеши ме, твојата топлина прави да се чувствувам сигурно.

Близината до твоето срце е незаменлива.

Ти верувам потполно, затоа што знам дека ти знаеш најдобро, и тогаш кога не си сигурна во себе, кога низ мислите ти поминува илјада и едно прашање.

Крени ме, гушни ме. Двајцата ќе се чувствуваме подобро.

Знаеш, јас нема секогаш да бидам мал и беспомошен. Ќе пораснам голем и силен како тебе, за многу кратко време.

Знам дека ме гледаш додека спијам. Те чувствувам.

Затоа, остави ги садовите, алиштата, сите домашни обврски.

Земи ме во прегратка, чувај ме, играј си со мене. Запеј ми, глупирај се, прави било што само да сум секогаш покрај тебе. Така ми е најубаво.

Те сакам искрено и со цело срце.

Твоето бебе.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg