„А, ти што правеше цел ден?!“ - Мажот дошол дома и наишол на хаос...
Мажот си дошол дома од работа и ги пронашол своите три деца надвор во дворот, уште во пижами, со кал до колена, а празни кутии храна и обвивки од чоколади биле расфрлени по целиот тревник.
Вратите од автомобилот на жена му биле отворени, исто така и вратата од куќата, а никаде го немало и кучето. Кога влегол во куќата го пречекал уште поголем неред.
Ламбата била превртена, а тепихот свиткан во ќошот на едниот ѕид. Телевизорот пуштен на најсилно, а целата соба затрупана во играчки.
Во кујната, мијалникот до горе полн со садови, храна расфрлена по масата и подот, вратата од фрижидерот отворена, на подот искршено стакло, а во средината на кујната мало купче песок.
Брзо тргнал да се качи на катот прескокнувајќи преку куп играчки и алишта. Ја барал жена си целиот избезумен и загрижен.
Во купатилото мала поплава. Ѕирнал внатре и што да види – куп мокри пешкири, водата тече од лавабото, а во кадата валкана вода со пена. Километри тоалет хартија развлечени низ целата бања.
Побрзал во спалната соба, а таму ја нашол жена си „мртва ладна“, во пижами си чита книга.
Го погледнала, се насмевнала и го прашала како поминал на работа.
Гледајќи ја со подотворена уста ја прашал: „Што се случило овде денес?“
Таа повторно се насмевнала и му рекла: „Знаеш, кога си доаѓаш од работа нервозен и се дереш по мене: А ти што правеше цел ден?!“
Тој и рекол: „Знам!“
А, таа: „Епа денес не го правев тоа!“ – му рекла и продолжила да си чита.