За жената која е насмеана пред сите, а тивко плаче под туш...
За жената чиј сопруг секој ден после работа си наоѓа изговор за да задоцни и има уште една станица.
За жената која пати за неуспешната бременост за која никој не знае.
За жената која гордо чекори напред иако знае дека одвнатре е сосема изгубена.
За жената која беше отпуштена заради доцнење 4 дена по ред, додека не спиеше две недели со болното детенце, по цели ноќи.
За самохраната мајка која не знае дали ќе врзе крај со крај месецов.
За жената која помина низ две Ин витро процедури, која 5 години се мачи да забремени, а без проблем оди на мекици кај сите пријателки.
За жената која сè уште си го нема простено абортусот од пред 20 години.
За онаа жена која сè уште ги чувствува осудувачките погледи во супермаркет кога на каса ги пребројува парите или мора да врати некој производ назад бидејќи нема доволно пари со себе.
За жената која ги слушна ужасните вести дека сопругот и загинал во војна три недели пред да се врати дома.
За жената која секој ден живее со анксиозност бидејќи никој не разбира „за што тоа она е под стрес“.
За онаа жена која се дава себеси секој ден по цел ден за семејството и која само сака малку одмор.
За жената која е насмеана пред сите, а ноќе плаче во тишина.
За жената која најде сила да продолжи да живее.
За жената која ги слушна сите малограѓански измислени муабети за неа кои се вртат низ целиот град.
За онаа жена која заспива до странец секоја вечер.
За жената чии гени нема никогаш да дозволат да изгледа како моделите во списанијата.
За жената која постојано влегува и излегува со скршено срце од нови врски бидејќи немала татко да ја научи како изгледа љубовта.
За жената која знае да сака со цело срце.
За секоја една жена која плаче во туш кабината за никој друг да не ја види. Затоа што знае дека ако таа не е силна, никој друг нема биде силен како неа.
Само затоа што водата ќе ги измие твоите солзи, не значи дека не плачеш. Само затоа што плачеш не значи дека не си доволно силна да се справиш со тоа.
Јас сум ти. Те гледам. Те чувствувам. Плачам со тебе. Те сакам.