Слободно време е „научна фантастика“ кога си мајка

Јееееј, викенд. Упс, за момент заборавив дека викендот изгледа поинаку кога си родител.

slobodno-vreme-e-naucna-fantastika-koga-si-majka-01.jpg

Особено кога си родител на речиси две годишно дете. Не, немаш опција да поспиеш и да лежиш во кревет до 10-11.

Немаш опција да излезеш и заглавиш до раните утрински часови, затоа што треба да си полн со енергија следниот ден.

Кога си мајка која оди на работа, некако слободно време е научна фантастика.

Ме нервираат активностите кои „мора“ да ги направам пред сè затоа што ми го скратуваат времето кое сакам да го поминам со ќерка ми.

А потребни ми се 15-20 минути во денот за себе. Кога сакам да здивнам од сè и од сите. Кога сакам да си посветам внимание на себе.

Почнав да уживам во пеглањето откако сфатив дека можам во мир и тишина да размислувам и да си го опуштам мозокот.

Но, најчесто, на крајот од денот, кога ќе го здогледам купот алишта, немам сила да фатам да пеглам.

Додека во работни денови, реалното време кое го поминуваме со нашите деца е 2 до 3 часа во денот, за викенд го имаме целото време на располагање.

slobodno-vreme-e-naucna-fantastika-koga-si-majka-02.jpg

Сакам да го искористам секој дел од денот да правиме нешто заедно.

Шетаме задолжително, читаме книги, возиме колички, пееме песни, готвиме заедно, переме заедно... Појадуваме, ручаме и вечераме заедно.

Денот ни почнува од 7 наутро и трае до 21 часот – турбо. Нема застанување. Одмор е научна фантастика.

Пиењето кафе во тишина е невозможно. Минутите за себе се кратки.

Сѐ уште го имам она чувство на грижа на совест кога нема да одам дома после работа. Како некој да ми ги одбројува часовите кои можам да ги поминам со неа пред да заспие.

Не сакам да пропуштам ниту еден момент.

Се трудам да излегувам кога веќе спие навечер за да не пропуштам нешто. Но, тоа подразбира да си легнам подоцна и да сум уморна следниот ден.

Честопати ќе видите постови по социјалните мрежи од пријателите кои немаат деца и уживаат во активности кои вие сега не би можеле да ги правите.

Немојте да ви е криво воопшто. Сѐ во свое време. Да се биде родител е привилегија.

Се прашувате дали и другите имаат грижа на совест како вас за тоа колку време поминуваат со своите деца? И мене ме мачи истото.

Но, на крајот на денот, јас сум таа која е среќна и исполнета за квалитетно поминатото време со ќерка ми. Мене ми било убаво и сум уживала.

На крајот на денот јас си ги правам приоритетите во животот. Времето лета. Децата растат и веќе утре нема да бидат зависни од вас.

Нема да го слушате неодоливото „мама“ штом се разбудат наутро.

Да, заборавете на слободното време за вас, но уживајте во мајчинството и во родителството со партнерот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg