За пријателите кои сѐ уште ме сакаат, иако не разговараме секој ден
Ви благодарам што сте дел од мојот живот иако сме оддалечени. Сè уште ве чувствувам близу до мене.
Ви благодарам што секогаш сте тука да ме расположите кога ми се потонати сите бродови, иако за тоа сега е потребен видео повик и често пати слаба Интернет конекција.
Ви благодарам што сте истите стари пријатели со кои пораснав дури и сега кога сте мажени и женети и со деца.
Ви благодарам што кога ќе се видиме еднаш или два пати во годината, нашите разговори продолжуваат како ништо да не се променило.
Ви благодарам за оваа прекрасна врска наречена пријателство, која го исполнува мојот живот. Што сте вистински пример за пријатели кои се тука и ќе останат, без разлика каде ќе нè одведе животниот пат.
Ви благодарам за секогаш топлото добредојде. Што верувавте во мене и ме поддржувате во сè што правам. Што се грижите за мене и кога сум вистински хаос.
Ви благодарам што заедно креираме авантури и спомени за паметење, приказни за раскажување од целиот свет.
Што сте подготвени да го пропатувате светот и да поминете океани за да се видиме.
Ви благодарам што сѐ уште ме сакате, без разлика колку се променив низ годините. Што ми дозволивте да се променам, да пораснам и ме уверивте дека ќе бидете секогаш тука – и во добро и во зло.
Ви благодарам за сè што направивте и сѐ уште правите.
Но, најмногу од сè, ви благодарам што правите да се чувствувам безбедно и да знам дека без разлика што и да ми донесе животот, секогаш можам да се вратам кај вас. Вие сте мојот дом засекогаш.
Ви благодарам што не дозволивте далечината да го растури нашето пријателство.
Што ми простивте за сите важни моменти кои ги пропуштив бидејќи не бев таму.
И последно, но не и неважно, ви благодарам што ме спасивте од сите тешки моменти, препреки и денови кога сакав да се откажам од сите намери.