„Неверојатно, за само 3500 денари дојдете да ја прославиме Новата година со 2 пијачки и половина гризнато сендвиче!“

Пред некој ден ми се јавува пријателка со среќни вести: имала познат (каков муабет е тоа во Македонија значи, „еј, таму имам познат“) и нејсе, тој познатиот ќе ни излезел во пресрет за Новата година, ќе нè пикнел некаде четворицата во неговиот локал, немало да биде никаков проблем, а ќе ни направел и добра цена.

Dojdete-da-ja-proslavime-Novata-godina-za-samo-3500-denari-povekje.jpg

Колку е таа добра цена, прашувам јас и што вклучува истата? Цената за прослава на најлудата вечер е „само“ 3500 ден. а вклучува нешто за грицкање, минимално јадење и замислете – ограничено пиење. Сепак тоа е популарен, „фенси“ локал кој не сака да се срамоти со богато, раскошно мени. Не ти е дојдено до јадење и пиење нели, одиш за да бидеш виден.

Не ми е дојдено до јадење и пиење, точно. Ама не ми е дојдено ниту до фрлање 7000 денари за двајцата, за 4 пијачки и неколку сиромашни сендвичиња. Не ми е дојдено до тоа да бидам видена. И сигурно не ми е дојдено да го полнам џебот на македонските угостители кои ги богатиме правејќи ги газди практично преку ноќ.

„Најлудата ноќ“ одамна не е тоа што беше. Времињата се сменија, а и луѓето со нив. Сепак, има нешто убаво, празнично при преминот од една во друга година, колку и да сакаме да бидеме индиферентни или иронични во однос на темата.

За мене празниците се најубави кога си расположен и опуштен, во друштво на блиските и саканите луѓе. Не мора да си дотеран којзнае како. Не мора да бидеш во најпопуларниот ресторан или дискотека, да видиш некого битен или да те видат. Да се гужваш во толпи, навистина ми нема поента сето тоа изнудено лудило.

Во новогодишната вечер како и во секоја друга треба да бидеш она што си, без некоја помпа и особено преправање. И најбитно од сè – да уживаш, да се забавуваш, да си среќен и насмеан.

Нова година ќе дојде и ќе пројде. Ќе заспиеме и ќе се станеме од креветот со истите проблеми од претходниот ден. Само не мора да се разбудиме со 3500 ден. помалку во новчаникот, нели?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Нова година некогаш и сега: Сè се смени, останаа исти само руската салата и кифличките Иако скоро сè се смени во поглед на славењето на Новата година, трпезата остана ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg