Македонски парови на Инстаграм #Couplegoals #родители #имамедведеца

Ах тој пусти Инстаграм и тие пусти хаштази што сè уште луѓево не им го сфаќаат значењето.

makedonski-parovi-na-instagram-couplegoals-roditeli-imame-dve-deca-01.jpg

Има еден тип на луѓе во земјава кои се обидувам да ги разберам.

Најчесто се парови, поголем дел веќе во брак и имаат деца.

Јасно е, не излегуваат често особено овие со деца.

И кога ќе излезат, шлап, ете ја фотката на Инстаграм со хаштаг #couplegoals. Какви цели бе луѓенца? Чии цели треба да се овие? Ние што ве следиме да посакаме да сме пар како вас?

Или општо целиот свет сака да биде како вас? Не разбирам, навистина. Како тоа вие дојдовте до заклучок дека сте идеална двојка и дека кон тоа треба да се стремиме и ние? И зошто би сакале да бидеме баш како вас? И дали некој сериозно ќе седне и ќе пребарува постови со хаштаг #Couplegoals?

Додадено до ова #родителинадведеца. Као работава, леле колку сте откачени имате две деца и „газите“ во град еднаш во два месеци? Треба ли да сме восхитени на вашиот „успех“? Или дека ете мајкава родила две деца, се настегала во истите алишта од пред да роди и очекува аплауз #majkanadvasina? Па, извинете, ама сосема е нормално да влезеш во истите алишта освен ако не си претерала со јадење во бременоста.

Да наведам какви се постови се среќаваат со хаштаг #couplegoals:

1. Слика од две пива на маса со кикирики и милјенце

2. Отишле на шопинг во Солун и се сликале кај гулабите гушнати

3. Пијат кафе за носење во Градски Парк

4. Трчаат и вежбаат заедно еднаш во месецот

Драги луѓе, тоа што вас ви се цели и како вие функционирате како пар, чувајте си го за вас. Не наметнувајте дека сте идеални на социјалните мрежи, не ја идеализирајте вашата врска. Не знаете кој каква замисла има за животот. Ниту пак дека тоа што на вас ви е убаво, им е убаво и на другите околу вас. Живејте си го животот и не наметнувајте правила на околината. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg