Сакам да ми се вратат безгрижните денови од детството...
Сакам да ми се врати времето кога најголема грижа ми беше што ќе облечам за излегување во петок вечер.
Кога мајка ми ме будеше за во школо наутро и ме прашуваше „Ќе станеш мама?“ – како да имав опција да не станам.
Кога висевме на фиксен телефон со саати со другарките и ни доаѓаа огромни сметки па се правдавме на илјада и еден начин.
Кога излегувавме во дискотеки на „џуниор“, а после скришно се криевме во ве-це за да останеме и на „сениор“ барем 15 минути.
Кога со тресење доаѓав 15 минути покасно од дозволениот саат – „во 12 да си дома“.
Сакам да ми се вратат безгрижните денови.
Деновите кога сите околу беа среќни, или јас имав таков впечаток.
Деновите кога учевме заедно за испит со другарките.
Деновите кога баравме нов начин за да препишеме на полагање.
Деновите кога си легнуваш без да мислиш дали си направил добро за сите дента. Дали сите ќе бидат во ред кога ќе станеш.
Сакам да ми се вратат моментите на безгрижна игра.
Моментите кога со денови и саати седевме на улица со децата од комшии.
Кога не можеа да не приберат дома.
Кога мајка ми спремаше сендвичи за цело маало за да не останеме заиграни, а гладни. Лепче, путерче, сиренце – најубавите сендвичи на светот.
Кога често пати и за одење во веце не сакав да отидам дома, за да не ми речат „прибери се“.
Кога одев сабајле да купам леб и додека да стигнам дома веќе пола беше изеден.
Кога во лето купував и од сладоледите од замрзната вода, а плаќавме на пишанка „на чек“.
Сакам да ми се врати барем дел од детството.
А до тогаш, си ги чувам спомените.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: Е. П. | Црнобело