Работи кои мора да ги оставите во 2019-та за 2020-та да ви биде посреќна

Како би влегле задоволни во Новата година, престанете со мислите да им се враќате на оние врски кои ви ја затемнија душата. Престанете да се сожалувате себеси.

raboti-koi-mora-da-gi-ostavite-vo-2019-ta-za-2020-ta-da-bide-posrekjna-001.jpg

Завршете го она што сте го започнале, но завршете го и она што упорно ве спречува да одите напред. Простете се од личностите и работите кои треба да останат во минатото.

Во 2020-та година вложете повеќе напор да се цените себеси и да си се обраќате со повеќе љубов.

Во 2020-та година оставете ги зад себе луѓето кои ве повредија. Не го трошете драгоценото време обидувајќи се да го поправите она што е веќе скршено.

Не дозволувајте другите да го користат вашиот добар став. Не дозволувајте било какво малтретирање.

Не ги одржувајте безнадежните врски, само поради страв дека ќе останете сами. Наместо тоа, фокусирајте се на себе и запрашајте се што ви треба.

2020-та година нека биде годината во која ќе работите на душевното здравје. Обрнете внимание на сигналите кои телото ви ги испраќа. Обрнете внимание и на тоа како блиските ви влијаат.

Променете ги своите планови, ако мислите дека немате доволно време за себе.

Напуштете ја работата која не ви носи ниту пари, ниту задоволство, ниту среќа. Излезете од врските кои ви ја цедат душата.

Не ги задржувајте емоциите внатре, пуштете ги на слобода. Разговарајте со луѓето.

Откријте го она што се насобрало во вас. Ослободете ја душата.

Не им дозволувајте на другите да одлучуваат каков живот треба да живеете. И престанете постојано да докажувате дека сте вредни за љубов.

Сакајте се себеси во 2020-та – тоа е највредната работа која може да си ја подарите сами на себе.

Извор

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg