Пријателе, кога ми е убаво ќе те викнам самиот, кога ми е неубаво чекам да дојдеш без покана

Пријателу, не треба да си тука само за убавото. Лесно е да си тука за некого кога сè оди како подмачкано. Дали си тука за пријателите кога тие се несреќни?

Prijatele-koga-mi-e-ubavo-ke-te-viknam-samiot-01.jpg

Кога се соочуваат со тага, со депресија, кога се болни, кога губат сè преку ноќ… кога се на дното. Тогаш ќе си ги видиш вистинските пријатели.

Вистинските ќе те пронајдат под дрво и под камен. 100 пати во денот ќе те прашаат како си и дали ти треба нешто. Дури и кога ќе ја одбиеш нивната помош, тие ќе бидат упорни и доследни, на границата да ти здосадат.

Но, нема да те напуштат никогаш. Тие се тука во секое време од денот и ноќта. Не е важно дали надвор студи, дали истура дожд или вее снег. Тие едноставно ќе се појават на твојот праг.

Добрите пријатели ќе те ислушаат, ќе те гушнат. Во тишина ќе ти кажат илјада зборови кои ќе ти ја утешат душата. Во погледот ќе им ја прочиташ љубовта која ја чуваат за тебе во срцето.

Тоа се добри пријатели кои би го разделиле и последното парче леб на половина за да има и другиот што да касне. Кога ти е најтешко и мислиш дека не постои крај на тунелот проголтан во темница, тие се како светла искра на надеж.

Ти ја подаваат раката и некако чувствуваш дека и покрај сè што ти се случува, сè ќе се заврши добро.

Многу е важно да имаш вистински пријатели. Понекогаш ми се чини дека тоа е и целата поента на животот – да осознаеш што е љубов и да имаш барем еден вистински пријател на кој ќе можеш да се потпреш.

А какви се лажните пријатели? Тие се вообичаено тука само за убавото. Пријатели се само за забава, за шега, додека работата не стане сериозна. Исчезнуваат секогаш во „најгустото“.

Некако успеваат да ги дознаат сите озборувања на време, но ете, не успеале со месеци да разберат дека си болен, дека не ти е добро, дека имаш проблеми, дека покривот ти прокапува, дека животот ти се распаѓа.

И сè некако се во „гужви“, „ќе те побараат подоцна“, „еј, како не се јави порано“, а кога конечно ќе проговориш за тоа што те мачи, тие некако успеваат да ги стават нивните „проблеми“ во прв план и да ги засенат твоите вистински.

Господе, чувај ме од ваквите „пријатели“. Од непријателите ќе се чувам сам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg