Омажи се за тој што ги знае сите ситници кои ти значат во животот и ќе те насмее во најтешки моменти
Драги девојки кои барате партнер, ова е за сите вас...
Не се мажете со некој само заради неговиот изглед. Не се мажете со некој само затоа што секогаш мириса убаво и се средува.
Не се мажете со некој само затоа што е добро ситуиран.
Не се мажете со некој само затоа што е исклучително добар во кревет. Не се мажете со некој само заради неговата сила и моќ.
Знаете зошто? Ништо од ова не е важно на долгорочен план...
Животот е премногу краток за да го поминете со некој кој не се заморува со оние мали, но важни и значајни работи во животот. Премногу е краток за да го поминете уверувајќи се себеси дека сте донеле добра одлука, а е повеќе од јасно дека сте погрешиле бирајќи погрешни квалитети.
Не паѓајте на маж кој изгледа совршено само на прв поглед. Не се задоволувајте со било што.
Омажете се за маж кој знае колку многу ви значат ситниците во животот. Некој кој ве разбира подобро од што се разбирате самите себеси.
Омажете се за маж кој знае како да ве развесели и да ви стави насмевка на лицето дури и кога сте во најлошо расположение. Некој кој е подготвен на сè за да ве направи среќни, но знае и кога да тагува со вас.
Омажете се за маж кој ќе се разбуди порано за да ви направи појадок и да помине малку повеќе време со вас утрото пред да одите на работа. Или ќе стане порано за да им направи појадок на децата, а ќе ве остави вас да поспиете малку повеќе бидејќи заслужувате.
Омажете се за маж кој ќе ве изненади со букет од цвеќиња или од благо, без причина во обичен ден. Некој што знае дека со ова ќе украде насмевка на вашето прекрасно лице.
Омажете се за маж кој ќе ве погали по задникот, ќе ве бакне во врат или во образ секој пат кога ќе ве здогледа во кујна. Некој кој ве сака со цело срце во секое издание.
Омажете се за маж кој знае какво кафе сакате и што ви е омилено за појадок и како сакате да биде подготвено и комбинирано. Некој кој сака да се грижи за вас.
Омажете се за маж на кој нема да му биде тешко после работниот ден да се пушти во акција и да потсреди низ домот за да си дојдете на средено и да одморите. Некој кој ќе знае да ви помогне со домашните обврски, а нема да ве гледа како слугинка.
Омажете се за маж кој ги знае сите тие мали, ситни работи во животот кој значат повеќе од било што друго. Некој кој знае точно кои се тие мали работи кои прават разлика. Некој што ќе ги знае подобро тие работи за вас од било кој друг.