Пријателствата ги мериме во број на лајкови и коментари - тажната реалност на денешната младина

Интернетот е одлична работа. Со неколку „клика“ можете да дознаете многу работи или да се потсетите на она што некогаш сте го знаеле.

Virtuelniot-svet-vo-koj-zhiveeme-zgasnuvach-na-detskata-nevinost 01 630x340.jpg

Истото е и со најновите технологии. Тие се создадени за да ги помнат сите битни работи: родендени, годишници, состаноци...

Некаде меѓу модерната технологија и интернетот се изгуби животот. Оној реалниот, вистинскиот.

Живот во кој соговорникот можеме да го допреме, да го помилуваме, да го бакнеме.

Сега се живее виртуелно, се дружи виртуелно, се сака виртуелно. Само кавгите и омразата редовно се префрлаат во реалниот свет.

Дури и оние кои се започнати онлајн. Новата генерација живее во килобајти и се смее со две точки и затворена заграда. Социјалните мрежи се корисни и забавни, но до одредена мера.

Страшно е кога Фејсбук, Инстаграм и сличните социјални мрежи ќе станат живот. Кога оној реалниот ќе се заборави и кога ќе се почне да се живее виртуелно.

Што не е објавено на Фејс или на Инста, не се ни случило - тоа е принцип според кој многумина, не само децата се раководат, па така нивните „пријатели“ знаат за секој нивни чекор, за секоја новост во нивниот живот. Дали се среќни, вљубени, осамени...

Страшно е кога пријателствата се мерат со бројот на лајковите на профилот, коментарите, бројот на пораки или бројот на честитки за роденден или за Нова година.

Кога виртуелниот свет ќе стане единственото место каде што се чувствувате живи, бидејќи на интернет можете да бидете кој сакате. Дури и она што никогаш не сте биле.

Интернетот денес отвора многубројни можности. Покрај дружењето, разновидните податоци и забавата, корисниците можат да уживаат и во интерактивните виртуелни програми и игри.

Виртуелниот свет е креиран да им пружи на корисниците место каде што ќе можат да ги задоволат своите фантазии. Тоа е како постоење на еден нов свет покрај оној реалниот.

Затоа што некои од корисниците на интернетот одлучуваат да живеат двоен живот. Повеќето луѓе пробуваат да живеат уште еден живот кој е многу поинаков и сосема е спротивен на нивниот нормален живот.

Virtuelniot-svet-vo-koj-zhiveeme-zgasnuvach-na-detskata-nevinost 02 630x370.jpg

На пример, интровертното момче би можело да се претстави како екстравертно и како авантуристичка личност кога е во виртуелниот свет. На тој начин тие лица постигнуваат рамнотежа на својата личност.

Двојните личности себеси се прикажуваат сосема поинаку во реалниот и во виртуелниот живот. Имаат желба да живеат сосема поинаку и да бидат различни од она што навистина се.

На тој начин ги исполнуваат своите фантазии и соништа. Младите стануваат постари, старите помлади, оженетите разведени, омажените разведени... Но тоа не се случува само кај возрасните.

„Сам дома“ не е само смешна комедија, туку реалното секојдневие на многу осамени деца.

Родителите немаат време или пари за друго дете, кучињата се исклучени од истата причина, другари се забранети затоа што прават хаос, а само компјутерот е секогаш подготвен да го забавува детето и да го спаси од осаменоста.

Но, со компјутерот детето почнува нов живот и тоа виртуелен, предупредува Александра Казаева, психолог во московскиот терапевтски центар „Семејство“.

Таквиот живот изгледа попривлечен и поинтересен од вистинскиот. На оваа страна од екранот се домашните задачи, карањето од родителите и потсмевот на врсниците.

Од другата страна, возбудливите доживувања, можноста секое дете да стане јунак, да влијае на животните ситуации и да ги контролира.

Меѓу адолесцентите се појави нова „болест“, виртуелна зависност, зависност од компјутерите, мобилните телефони, игрите, интернетот.

Прифаќањето на виртуелниот живот почнува од телевизорот. Мама ја вклучува волшебната кутија, се вртат слики, свири музика, луѓе зборуваат. Пријатно е, детето е мирно, не плаче, ништо не бара.

Virtuelniot-svet-vo-koj-zhiveeme-zgasnuvach-na-detskata-nevinost 03 630x370.jpg

Постепено, без свет од онаа страна на екранот детето не може да се смири. Лекарите наведуваат случаи кога бебе не го привлекува ништо освен телевизорот.

Поминува времето, во куќата постојано влегуваат нови програми и игри.

Многу е полесно да се купи компјутер и да се уплати интернет, отколку родителот да се занимава со детето, да го носи на тренинг, на гости, во парк.

Додека детето бега во виртуелниот свет, во куќата владее мир.

Сè изледа потполно невино и безопасно. Но тоа е само измама, како и животот во којшто бегаат вашиот син или ќерка.

Неволјата полека и незабележливо се прикрадува.

Првото навестување дека нешто се случува се забележува во однесувањето. Детето станува раздразливо и нервозно.

Тинејџерот не може да се одлепи од екранот, го занемарува учењето и домашните задачи.

Попушта во училиште, сè послабо помни, престанува да се дружи со врсниците и како последица на тоа тешко се прилагодува во друштвото.

Детето тогаш станува многу агресивно бидејќи настојува по секоја цена да ја згасне жедта за виртуелна содржина.

Виртуелната стварност е форма на психолошка зависност и како секоја друга зависност, таа ја разорува личноста. Под нејзино влијание детето ја губи слободата на волјата и со него е лесно да се манипулира.

Таквите деца е лесно да се вовлечат во различни секти и банди и да се потчинат под туѓо влијание.

Интернетот има некоја своја магија, нешто посебно што може да направи сѐ да изгледа подобро, поквалитетно, повредно отколку што навистина е.

Со некого онлајн можете да поминете часови и часови во секојдневни разговори за сè и сешто.

И можете да создадете илузија дека сè е идеално. И можеби е идеално во тој виртуелен свет.

Но животот не е интернет, животот не е копче на кое пишува „like“, животот не е коментирање на нечиј профил, активност во некоја група, на некоја страница.

Животот е навистина многу повеќе.. Тажно е кога некои луѓе ќе го заборават тоа.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg